Дува свеќички на чаши за шампањ, танцува на стол – Аделина Тахири прослави 35-ти роденден во бело (фото)
- Детали
- четврток, 09 април 2026
„Прекул за да бројам свеќи“ – напиша Аделина за роденденот на кој декорацијата е елегантно бела со многу кали, на менито имаше повеќе морски специјалитети, доби подарок Hermes чанта, дуваше свеќи на тирамису во чаши наместо торта, а таа блеска облечена во мини бел фустан со цветови и се забавува качена на стол.

Аделина Тахири направи задоцнета прослава за својот 35-ти роденден, но напиша дека вредело чекањето од неколку дена.
Таа славеше во елегантно декориран простор, целосно во бело, со многу кали и свеќи на масите, што изгледаше бајковито.

Менито за гостите се состоеше од повеќе јадења, меѓу кои повеќето на база на морска храна, а наместо класична торта, дуваше свеќички на тирамису сервирано во чаши за шампањ во стилот на Гетсби.

Славеничката блескаше облечена во мини бел фустан со декоративни цветови во долниот дел, а се пофали дека на подарок добила Hermes чанта.
Аделина изгледа пресреќно покрај своите најблиски, пее, а дури и танцува качена на стол, додека им сервира текила на гостите.

Уште неколку фотки и видеа од луксузниот роденден на Аделина:



М. М. | Црнобело