Три црвени за здравје и среќа - Првите велигденски јајца во домовите на познатите Македонци
- Детали
- четврток, 09 април 2026
„Направете ме старомодна, но традицијата за три црвени јајца бојадисани на Велики четврток пред изгрејсонце ја негувам со почит и не ја менувам. Со првото бојадисано јајце ги поминувам сите додека спијат... За многу години нека ни е“, вели планинарката Ирина Камилоска.

Од Милена Антовска и Снеже Велков, до Ирена Спировска и Давор Панчевски (Dave’s Kitchen) - многу познати Македонки утрово станаа пред изгрејсонце за да ги вапсаат првите црвени велигденски јајца...
Според православната традиција, првите три велигденски јајца се вапсуваат на Велики четврток, рано наутро, пред да изгрее сонцето.
Првото јајце се смета за чувар на куќата и се чува цела година, а секогаш треба да е во црвена боја.
Домаќинките стануваат пред зори, ги вапсаат првите јајца, а со нив се поминуваат по лицето членовите од семејството, со зборовите „Црвено, бело, дебело, здраво и живо“.
Иако во голем број домови рано утрово се обоени првите велигденски јајца за здравје, ги споделуваме фотографиите кои познатите Македонци ги објавија од своите велигденски јајца, со пораки за големиот празник.
„Направете ме старомодна, но традицијата за три црвени јајца бојадисани на Велики четврток пред изгрејсонце ја негувам со почит и не ја менувам. Со првото бојадисано јајце ги поминувам сите додека спијат... Црвено, бело, здраво, живо и весело. За многу години нека ни е“, напиша планинарката Ирина Камилоска.
Погледнете ги првите велигденски јајца на некои од познатите Македонци:
Милена Антовска

Маја Андоновска Илијевски

Вера Мештеровиќ

Пулексенија Јовановска

Давор Панчевски (Dave’s Kitchen)

Снеже Велков
