Нина Ред со искрена исповед: „Еден период не бев добро – многу ослабнав, немав волја за ништо, почнав да одам на психолог“

„Еден период не бев добро, се изгубив себеси. И тоа се одрази на моето тело. Многу ослабнав. Менталното здравје ми беше нарушено... Не се чувствував вредно. Почнав да одам на психолог и денеска знам колку вредам и нема никогаш да дозволам таа епизода да се повтори“ - пишува искрено Нина Ред. 

nina-red-so-iskrena-ispoved-eden-period-ne-bev-dobro-mnogu-oslabnav-nemav-volja-za-nishto-ne-se-chuvstvuva-vredno-01.jpg

Нашата инфлуенсерка Нина Ред е од оние кои не се плаши да биде искрена на социјалните мрежи и да го покаже своето вистинско светло.

Пред неколку години таа отворено зборуваше за борбата со акните на лицето, а подоцна повеќепати во фокус го има ставено менталното здравје.

Нина неодамна го започна и својот подкаст RESET, кој е посветен токму на тоа, каде со своите гости зборува искрено за менталното здравје и борбите со кои секој некогаш се соочува во животот.

Сега таа си ја отвори душата пред своите следбеници и сподели дека имала период во кој не била добро, а тоа се одразило и на нејзиниот физички изглед.

Премногу ослабела, немала апетит за јадење и го довела своето тело до нездрава форма како што самата вели, но со помош на психолог и работа на себе, успеала да се покрене, па сега не дозволува повеќе да се повтори тоа и зрачи со самодоверба.

Прочитајте ја нејзината исповед во која споделува и фотки од периодите во кои не се чувствувала добро:

„Седни да ти раскажам што ми се случи...

Еден период не бев добро, се изгубив себеси.

И тоа се одрази на моето тело. Многу ослабнав, немав апетит за храна, ниту волја за ништо.

nina-red-so-iskrena-ispoved-eden-period-ne-bev-dobro-mnogu-oslabnav-nemav-volja-za-nishto-ne-se-chuvstvuva-vredno-02.jpg

Последниов период многу ослабнав од разни причини за кои не сакам да навлегувам, но само ќе кажам – одржувајте го менталното и физичкото здравје.

Ова не е здраво што го гледате, затоа и го пишувам ова, зашто знам дека и помлади девојчиња ме следат.

Бев многу слаба. Моето здраво започна, па заедно ќе ја гледаме промената.

nina-red-so-iskrena-ispoved-eden-period-ne-bev-dobro-mnogu-oslabnav-nemav-volja-za-nishto-ne-se-chuvstvuva-vredno-02_1.jpg

Менталното здравје ми беше нарушено... Не се чувствував вредно.

Не беше лесно, некогаш јадев со сила...

nina-red-so-iskrena-ispoved-eden-period-ne-bev-dobro-mnogu-oslabnav-nemav-volja-za-nishto-ne-se-chuvstvuva-vredno-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Исповед на Македонка: „Се породив за 5 минути во болница во Берово и по неколку часа нè пуштија дома...  „Ги заспав децата, му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на...

Најчитани неделава