Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“
- Детали
- сабота, 25 април 2026
„Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетоважи, солариум во млади години и среќна сум што не го оперирав носот, кој го мразев, а денес ми е комплетно карактер“, вели Миа Костова, која повторно одговараше на анонимни прашања од следбениците.

Миа Костова по којзнае кој пат на својот Инстаграм профил остави „отворено прозорче“ и можност следбениците да ѝ поставуваат прашања анонимно, но и да ѝ кажат искрено сè што мислат - и пофалби, но и критики, па и по некој безобразен коментар.
Таа и овој пат зборуваше за синот Андрија, Тијана, инфлуенсерската работа, но и за операциите што ги направила.
Запрашана „Која особина би сакала да ја смениш кај себеси?“, таа одговори дека тоа би била мрзеливоста, односно мрзата.
„Сè ме мрзи да правам, а правам сè“ - одговори таа.

Овој пат ја прашаа и за нејзината религиозност, а едно од прашањата гласеше:
„Дали веруваш во Бог? И кое е твоето мислење за религијата?“
На ова, Миа напиша:
„Апсолутно ДА! Религија и верба е многу длабоко ако веруваш со сè она што го мислиш и правиш во текот на денот и животот.
Вербата во Бог не е снимање сам себе со крстови, библии и миси по цркви. Тоа е интима.
Ништо од тоа не те чисти ако си длабоко несреќен, живееш погрешно и мислиш погрешно.
Преголема промоција на Бог е непотребна.
Инаку да, многу верувам во Господ. И често му се обраќам за да кажам фала“.

Голем дел од прашањата, како и во минатото, беа поврзани со операциите што ги направила и со нејзиниот изглед.
„Дали се каеш за забите, што стави ламинати. Да, убави се ама многу се каат што ставиле и викаат дека брзо се одлепуваат.
Викаат ништо не е како порано и многу треба да внимаваат што јадат. Молам за искрен одговор. Гушкам“ - е едно од нив.
„Најдобра инвестиција воопшто. Друг човек сум после забите.
Три години скоро, нит’ пазам што јадам ниту некогаш ми се одлепило што било“, вели таа.
