Драгана Левенска со скршеница на раката, по судир со тротинет: „Со дечкото се разбравме, но апел за безбедност до сите“
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„Дечки, со тротинетите внимавајте и не излегувајте од секоја страна. Добив скршеница на надлактица, ќе бидам 5 недели во мобилна лонгета, тоа треба да заздрави. Во последно време слушам многу вакви случки со несреќи со тротинети...“, вели Драгана Левенска за CRNOBELO и открива како била удрена од дечко што вози тротинет.

Драгана Левенска (40), нашата театарска и филмска актерка, неодамна доживеа незгода при судир со дечко кој возел тротинет.

Таа излегла од нејзината зграда и во уличките ненадејно дечко удрил во неа, среќа со мала брзина, па штетата не била поголема.
Драгана има пукнатина на раката, ќе мора да носи лонгета 5 седмици и испраќа апел сите да внимаваат на безбедноста.
Драгана за CRNOBELO.com вели:
„Јас сум добра, не е ништо страшно, не е ништо сериозно... Фала му на Бога, бидејќи можеше да биде многу посериозно.

Не бев на пешачки премин, туку дечко на тротинет ми излезе во уличките, како што јас излегував од зграда.
И се судривме.

Затоа и испраќам апел до сите што возат тротинети: Внимавајте и почитувајте сообраќајни правила.
Не излегувајте од секоја страна без внимание. Безбедноста е за сите.

Не сакам да критикувам некого или да направам негативна атмосфера за тротинетите, туку фокусот сакам да биде на безбедноста.
Безбедност која не е потребна само за пешаците, туку и за оние кои возат тротинети, односно за сите.

Дечкото не возеше со голема брзина, но сепак возеше и се судривме. Добив скршеница на надлактица, односно пукната коска, која не е страшна.
