Сашко Коцев вљубен со сопругата на премиера во МНТ - Со убавата докторка Смиљана во брак е 13 години
- Детали
- петок, 24 април 2026
Сашко Коцев доби поддршка од сопругата на премиерата во МНТ на новата култна претстава „Страв и надеж“, а покрај него глумат и Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони Михајловски, Никола Ристановски итн. Почувствувајте ја атмосферата пред и по премиерата...

Сашко Коцев веќе 13 години е во брак со својата сакана Смиљана Бундовска.

Актерот и убавата и шармантна докторка се венчаа во септември 2012 година во Куршумли Ан, а во 2017 година се реализираа и во улогата на родители.
Тие ја добија ќеркичката Јоана.

Инаку, Коцев ја запроси Смиљана јавно на манифестацијата Златна бубамара на популарноста.
Сега, се појавија заедно во Македонски народен театар на премиерата на неговата нова претстава „Страв и надеж“.

Публиката пред почетокот и по премиерата се дружеше, а фотографката Маја Аргакијева ги овековечи моментите.


„Од возбуда пред да се крене завесата до насмевки, искрени честитки и разговори на коктелот – вечер исполнета со убава енергија и позитивна атмосфера. Благодарност до публиката за топлиот прием и поддршката!“, напишаа на официјалниот профил на МНТ.

