Филип од Скопје ја запроси саканата Марија пред водопад во Италија, со прстен инспириран од „Господарот на прстените“

„Омилен филм ни е 'Господарот на прстените' и отсекогаш сум сакала прстен инспириран од филмот и љубовната приказна на Арагорн и Арвен“, раскажува Марија од Кочани за убавото изненадување што ѝ го приредил саканиот на патување во Италија.

filip-ja-zaprosi-sakanata-marija-pred-vodopad-vo-italija-so-prsten-inspiriran-od-gospodarot-na-prstenite-01.jpg

Филип Бошев од Скопје ѝ приредил неочекувано изненадување на саканата Марија Захариева од Кочани на нивното патување во Италија – ја запросил со прстен инспириран од нивниот омилен филм „Господарот на прстените“.

Марија и саканиот имаат 27 години, а живеат во Скопје, каде што работат во салон за убавина кој Филип го наследил од неговата мајка.

Како што раскажува Марија, тој почнал да го планира запросувањето уште пред да го направат заедничкиот план за патувањето.

Марија ни открива нешто повеќе за убавиот момент:

„Се имавме сретнато неколкупати претходните години, но официјално се запознавме преку заеднички пријател пред 8 години на 'рандом' роденден.

filip-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-rim-so-prsten-inspiriran-od-gospodarot-na-prstenite-03.JPG

Запросувањето било планирано уште пред пола година откако почнавме да го планираме патувањето во Рим, бидејќи знаеше дека бил град кој отсекогаш сум сакала да го посетам.

filip-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-rim-so-prsten-inspiriran-od-gospodarot-na-prstenite-02.JPG

Омилен филм ни е ’Господар на прстените‘ и отсекогаш сум сакала прстен инспириран од филмот и љубовната приказна на Арагорн и Арвен.

Но, за точен број и модел на прстенот како и за секој детаљ околу запросувањето имал помош од кумот и наша заедничка добра другарка и нејзиниот свршеник, кои му помогнале и во криење на прстенот и планот за запросувањето.

filip-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-rim-so-prsten-inspiriran-od-gospodarot-na-prstenite-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Исповед на Македонка: „Сопругот ми почина кога имав 29 години, имав 2 мали деца, но се изборив како ... „Да ми кажеше некој дека ќе бидам вдовица пред 30-тата, ќе се насмеев. Но, знаеш...
Бајковито запросување на македонската Барби на јахта во Дубаи (фото) „Запросувањето се случи во Дубаи, а прославата продолжи на Малдиви. Бевме во врс...
Актерката Марија Лазарова му кажа ДА на саканиот, брат ѝ Стефан Лазаров ѝ честиташе: „Вечни да сте“ „Заедно да си остариме и да си се згрбавиме“, напиша Марија на Инстаграм и објав...
Пејач од Велес ја запроси саканата Сара, тиктокерка што живее во Швајцарија, за време на одморот на ... „Нашата приказна започна сосема случајно на еден мој настап во Швајцарија, каде ...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...

Најчитани неделава