Лозано ја повреди ногата на фудбал, за CRNOBELO вели: „Скинав вкрстени лигаменти, морам на операција“
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
„Скинав предни вкрстени лигаменти и менискус и што уште не (ха, ха). Сигурно ќе трае со месеци рехабилитацијата, ако не и година дена“, откри Лозано за CRNOBELO.com.

Малкумина знаат дека Влатко Лозаноски Лозано е страстен љубител на фудбалот, но и одличен фудбалер.
Лозано не го пропушта своето омилено хоби и има периоди во годината кога и по неколкупати неделно игра фудбал со другарите.

Меѓу неговите фудбалски партнери е и Стефан Филиповски од „Некст тајм“, а двајцата музичари освен што се дружат приватно, често си ги одмеруваат силите и на теренот.
Но, Влатко сега ќе мора да направи подолга пауза, можеби и една година, за да се опорави, зашто изминатиов викенд си ја повреди левата нога.
Таа е во лонгета, а Лозано мора да оди со штаки.

За CRNOBELO.com. вели:
„Од фудбал ми е повредата, да.
Имам скинато предни вкрстени лигаменти и менискус и што уште не (ха, ха).
И ќе морам што поскоро на операција, чим ми дадат термин.
И сигурно ќе трае со месеци рехабилитацијата, ако не и година дена“.

Инаку, освен што обожава фудбал, Лозано вози и мотори, па повредата на ногата ќе го оддалечи од ова негова страст на некое време.
За потсетување, Влатко периодов освен што одржа голем концерт во арената „Борис Трајковски“, промовираше и неколку песни - последната дуетот со 2Бона, „Минус и плус“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело