Лозано конечно објави фотки од синот кој е негова копија - Крштевка и прв роденден за Марко
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2025
„Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“, напиша Лозано и конечно објави фотки од синот.

Влатко Лозаноски - Лозано, кој скоро цела година не зборуваше јавно за раѓањето на синот Марко, конечно објави негови први фотографии.

На фотографиите, Марко неодоливо потсетува на својот татко, со крупни темни очи и полни усни.


Откако минатиот викенд со фотка на Инстаграм Стори откри дека на Марко му е роденден, сега сподели и фотографии од роденденот, крштевката, од минатото лето и од времето поминато со синот.


На него, се гледа татковската љубов и колку пејачот е посветен на бебето.
„Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“, напиша Лозано.

