Македонската Барби упорно ги моли Victoria’s Secret да ја земат за модел - позира од сите агли
- Детали
- петок, 01 мај 2026
„Според мене Барби беше и остана стандард за убавина“, изјави Верица Китанова oд Струмица за CRNOBELO.com во една пригода, а сега, по бајковитото запросување, не престанува да ги тагнува „Victoria's Secret“ со апел да ја земат за ангел.

Верица Китанова oд Струмица e дипломиран архитект и има свој козметички бренд. Оваа долгонога русокоса убавица неретко ја споредуваат со Барби.

Сега, таа се обрати до брендот „Victoria's Secret“ со молба да ја земат за модел:
„Victoria's Secret, ве мооолам отворете апликации за Европа, во име на сите убавици оттука“.

Инаку, ова не е првпат Верица да го тагнува овој бренд со барање да ја земат како нивен модел, односно да биде еден од нивните ангели.

Во интервју за CRNOBELO.com во една пригода, на прашањето „Дали ти пречи да те споредуваат со Барби?“, Верица изјави:
„Кога станува збор за физички изглед, нормално ми годи. Според мене Барби беше и остана стандард за убавина, иако сè повеќе се форсира тој „Bratz Dolls“ ефект.

Премногу се наметнува тој „песочен часовник“ тип на градба, со облини како Кардашијанс, но мене повеќе ми се допаѓа стандардната манекенска градба.

Настрана од тоа, јас нудам многу повеќе од Барби изглед, а тоа го знаат само луѓето што ме познаваат приватно“.

