Вики Чадиковска за девојчето во Ѓорче, горено со цигари и терано да јаде кучешки измет: „Kако стравувала таа мала душичка“

И да, итно треба да се смири говорот на омраза кој силно се распалува по социјалните мрежи.
Од него почнува раздорот и поттикнување на најлошото.
Станавме сведоци на лошотилок, кој се шири брзо и лесно. Доста е.
Ни треба повеќе музика, театар, танц, издржани вредности… Културата поттикнува друга енергија која дефинитивно ни е неопходна.
И да, на ова општество итно му треба обединување. Тоа е единствен начин за колективно исцелување кое може да биде корен на позитивни промени кај младите луѓе.

И затоа, не е доволно само да кажеме „стоп“.
Треба да почнеме сите со добри примери.
Да ги учиме децата на почит.
Да покажеме што значи емпатија.
Да не ја славиме агресијата како сила,
туку да ја славиме и поттикнеме добрината како храброст и добра карактеристика.
фото: depositphotos.com
Децата не учат од зборови.
Тие учат од нас. Учат од тоа кого го следиме. На кој му аплаудираме.
Кого славиме и правиме идол.
Затоа како возрасни треба конечно да избереме подобро, и тоа сега, веднаш. Веќе е и малку доцна.
Да создадеме култура во која не е „кул“ да повредиш,
туку да заштитиш.
фото: depositphotos.com
Мора да разбереме дека секое дете го копира светот во кој расте. И погрешно е ова насилство да го лечиме со поттикнување на следно насилство.
Затоа да побараме кои се нашите грешки и да ги разгледаме опциите за промена. Веќе ѕвони. Нема назад. Секој од нас има одговорност.
Да ја вратиме музиката, игрите, песните, да ја сопреме омразата. Таа е изворот на лошите копии кај децата“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com