Ламбе Алабаковски објави ретка семејна фотка - Во Виена со сопругата и синовите кои се пораснати
- Детали
- вторник, 28 април 2026
Ламбе, како горд татко, сподели фотки од настапот на постариот син Михаил на концерт во Виена, но и една на која целото семејство Алабаковски е во градините на палатата Schönbrunn.

Ламбе Алабаковски, кој долго време го чува својот приватен живот за себе, ги изненади следбениците на Инстаграм со последната објава.
Ламбе сподели фотографија со сопругата и децата, една од ретките семејни фотки откако пред неколку години се вратија во Македонија.

Тие се во Виена, каде што постариот син Михаил (11) свиреше на концерт на пијано во познатата концертна сала Ehbar Saal, додека Ламбе, неговата сопруга Магдалена и помалиот брат Михаил (роден 2020) го бодреа.
Гордиот татко сподели фотки од настапот на Михаил на Инстаграм Стори, но и една на која целото семејство Алабаковски е во градините на палатата Schönbrunn.

Претходно во интервју за CRNOBELO.com, на тема татковство, Ламбе кажа дека би сакал да има и ќерка покрај двата сина.
Повеќе фотографии:




А. Ј. | Црнобело