Наде Молеровиќ, некогашна директорка на училиште: „Девојчињата на Инстаграм се принцези, на улица џелати“

„Кој го преспа воспитувањето? Неодамнешните слики на насилство меѓу девојчиња не се само инцидент. Тие се аларм кој вреска: „Каде бевте вие, возрасните?“ Каков родител треба да си за да „не забележиш“? Насилното дете не се раѓа преку ноќ. Како наставник со децениско искуство, знам: Во училницата се гледа СÈ!“, вели Наде Молеровиќ, која со децении има работено како наставник.

nade-molerovikj-nekogashna-direktorka-na-uchilishte-devojchinjata-na-instagram-se-princezi-na-ulica-djelati-01.jpg

Наде Молеровиќ (68), професор по историја, поранешен директор на две основни училишта, мотивациски говорник за деца и млади, тренер за наставници и директори, автор, уметник, кој цртa невронаучна уметност и жена која вели дека најубавиот дел од животот може да дојде токму кога светот мисли дека си „готова“, односно за неа во пензионерските денови.

nade-molerovikj-nekogashna-direktorka-na-uchilishte-devojchinjata-na-instagram-se-princezi-na-ulica-djelati-06.jpg

Дека Наде не мирува доказ е тоа што на секоја тема јасно и гласно говори, а сега поттикната од случајот на врсничко насилство во Ѓорче се огласи.

Таа ги осуди родителите кои не внимаваат на воспитувањето, но и наставниците на кои не им е грижа за ништо и гледаат само да си ги одработат часовите.

Нејзината моќна објава:

„На Инстаграм се принцези, на улица џелати... Кој го преспа воспитувањето? 

Неодамнешните слики на насилство меѓу девојчиња не се само инцидент. Тие се аларм кој вреска: „Каде бевте вие, возрасните?“

Се прашувате што треба да ѝ се случи на една девојка за да стане насилник?
Што треба да носи во себе за да ужива во понижувањето на друго човечко битие?

Одговорот не е во училишната чанта, туку во празнината што ја оставиле тие што требало да ја полнат со љубов и етика.

nade-molerovikj-nekogashna-direktorka-na-uchilishte-devojchinjata-na-instagram-se-princezi-na-ulica-djelati-08.jpg

Каков родител треба да си за да „не забележиш“?

Насилното дете не се раѓа преку ноќ. Тоа е процес на долготрајно емотивно запоставување или погрешно насочување.

Бруталната вистина: Треба да си родител кој е физички присутен, но емотивно „мртов“. Родител кој му купува на детето сè што ќе посака за да ја откупи сопствената вина за отсуството!

nade-molerovikj-nekogashna-direktorka-na-uchilishte-devojchinjata-na-instagram-se-princezi-na-ulica-djelati-10.jpgфото: depositphotos.com

Каде е грешката?

Ако твоето дете дома те слуша како ги „газиш“ колегите, како се потсмеваш на послабите или како ја користиш моќта за да ги понижиш другите - ти тренираш насилник.

Детето на насилникот не удира затоа што е злобно, туку затоа што мисли дека само така се докажува моќта во овој свет!

„Гајле ми е“ наставници – Соучесници сте во тишина!

Како наставник со децениско искуство, знам: во училницата се гледа СÈ!


Се гледа кој е изолиран, кој се плаши, чии очи се полни со солзи на големиот одмор!

nade-molerovikj-nekogashna-direktorka-na-uchilishte-devojchinjata-na-instagram-se-princezi-na-ulica-djelati-03.jpgфото: depositphotos.com

Бруталната вистина: За да не забележиш насилство, треба да си наставник кој ја гледа својата работа само како „одработување на часовите“!

Наставник кој се плаши од родителите на „моќните“ деца или на кој едноставно му е полесно да се сврти на другата страна. Гајле ми е!!

Одговорноста: Кога наставникот молчи пред навредата, тој му дава дозвола на насилникот. Молчењето е одобрување.

nade-molerovikj-nekogashna-direktorka-na-uchilishte-devojchinjata-na-instagram-se-princezi-na-ulica-djelati-02.jpgфото: depositphotos.com

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Маја Панчева (53) згодна во бикини, откако откри дека качила 10kg во менопаузата Маја на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од море...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...

Најчитани неделава