Студенти и експерти заедно во Преспа: Архитектонско документирање на  културното наследство  

Теренската активност се реализира во рамки на ЕУ проектот ACT4PRESPA 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-0.JPG

Во рамки на проектот ACT4PRESPA, се реализираше неколкудневно архитектонско  снимање и документирање на значајни објекти во Преспанскиот регион. Активноста беше  спроведена во соработка помеѓу НУ Завод и музеј – Битола и Архитектонски факултет – Скопје, Институтот за заштита на градителско наследство, историја на архитектура и  уметност. 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-03.JPG

Од страна на студентите се изврши архитектонско снимање на три сакрални и еден  профан објект, со што на студентите им се овозможи практична работа на терен и воедно  беа непосредно запознаети со карактеристиките и вредноста на дел од недвижното  културно наследство на ова подрачје – изјави Зоран Алтипармаков - Конзерватор советник во НУ Завод и музеј –Битола. 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-04.JPG

Студентите и стручните лица работеа на детално архитектонско документирање на  следните објекти: црквата Св. Ѓорѓи во Ресен (19 век), манастирот Рождество на Пресвета  Богородица во с. Сливница (17 век), црквата Св. Петар и Павле во с. Љубојно (20 век) и  индивидуален објект, претставник на традиционалната архитектура во с. Љубојно 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-05.JPG

Изборот на објектите беше направен во заедничка координација помеѓу експертите  од двете институции, врз основа на нивната културно-историска вредност и состојба на  зачуваност. Во активноста учествуваа вкупно 65 лица на првиот ден, а во наредните денови  по 31 учесник, вклучувајќи студенти, професори и стручни лица од двете институции. 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-5.JPG

Проф. д-р Елизабета Касапова за соработката и значањето на истата истакнува:  

„Архитектонскиот факултет во Скопје во рамки на наставата по предметот Заштита на градителското наследство во 8 семестар традиционално изведува теренска настава која  вообичаено трае еден ден. Со учеството во проектот ACT4PRESPA студентите од  Архитектонскиот факултет имаа ретка можност да изведат повеќедневна теренска настава  во која се извршија теренски истражувања и техничко документирање на сакрални и  профани објекти во регионот на Преспа. На тој начин студентите имаа интензивен тренинг  во совладување на вештините за теренско документирање на објекти и извонредна  можност за посета и престој во повеќе значајни споменици на културата како што се  Сливничкиот манастир, црквата во Курбиново, селото Љубојно со своите карактеристични  куќи и др. Впечатоците и стекнатото искуство од работата за студентите и професорите од  Архитектонскиот факултет се драгоцени, со искрено задоволство околу организацијата и  логистиката кои за сите денови беше на највисоко ниво.“

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-06.JPG

Претходно, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Маргарета Спасов, директорка  на НУ Завод и музеј – Битола и проф. д-р Анета Христова - Поповска деканка на Архитектонски факултет – Скопје, со што се постави основа за заеднички активности во  областа на заштита и истражување на културното наследство. 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-6.JPG

Според д-р Мери Стојанова, кустос советник и координатор на проектот: 

„Архитектонското документирање претставува еден од клучните чекори во процесот на  заштита на културното наследство. Со овие активности добиваме прецизна документација  за состојбата на објектите, која понатаму може да се користи за нивна ревалоризација, конзервација, реставрација и дигитална презентација. Особено е важно што во овој процес  се вклучени студенти, бидејќи тие не само што стекнуваат практично искуство, туку и  развиваат свест за значењето на зачувувањето на културното наследство. 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-7.JPG

Активностите во рамки на проектот ACT4PRESPA продолжуваат и во наредниот период, со  цел систематско истражување, заштита и промоција на културното наследство на Преспа. 

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-08.JPG

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-09.JPG

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-11.JPG

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-12.JPG

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-13.JPG

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-14.JPG

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-nasledstv.JPG

studenti-i-eksperti-zaedno-vo-prespa-arhitektonsko-dokumentiranje-na-kulturnoto-nasledstvo-.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава