Кире Лазаров не сака лицемерие, Каролина - доцнење: Која навика кај луѓето најмногу ги нервира познатите Македонци?
- Детали
- сабота, 09 мај 2026
„Ме нервира кога луѓето јадат со отворена уста или џвакаат мастика со отворена уста! Ужас!“, вели модниот дизајнер Златко Јовановски во анкета за CRNOBELO.com. А што вас ве нервира најмногу кај другите? Напишете ни во коментар.

Сите ние имаме навики со кои ги нервираме луѓето или со кои другите нè нервираат нас.
Тоа може да се ситници или големи работи кои, или ги премолчуваме, или знаеме да им ги кажеме в лице, со надеж дека ќе се сменат.
Прашавме неколку Македонци, кои се дел од нашиот јавен живот, која е таа една навика што најмногу ги нервира кај луѓето, а повеќето го издвоија доцнењето.
Ова се нивните одговори:
Златко Јовановски
Кога јадат со отворена уста и џвакаат мастика со отворена уста! Ужас!

Сања Савеска
Ако зборуваме за навика, најмногу ми пречи кога луѓето редовно доцнат и не го почитуваат туѓото време.
За мене тоа кажува многу - дека не ја ценат организацијата, ниту луѓето околу нив.
Сакам кога работите се јасни, професионални и на време.
Доцнењето, особено кога е навика, ми делува како непочитување, а тоа навистина не го прифаќам.

Кире Лазаров
Ме нервира лицемерие кај луѓето и луѓе што доцнат.

Калтрина Круезиу
Кога некој не стои на зборот или се однесува неодговорно - тоа ме нервира најмногу.

Миро Кацаров
Најмногу ме нервира кога луѓето ме лажат и мислат дека им верувам на нивните лаги, но и кога се убедени во сопствените лаги.
Тоа е болест, кога некој те лаже и пробува да те убеди во тоа што ти го зборува, а ти знаеш дека не е вистина.

Маја Кикириткова
Најмногу ме нервира доцнење. За мене тоа е непочитување кон другата особа.
Секогаш сум точна на време, некогаш доаѓам и порано од договореното.
Само доцнење може да ме извади од кожа и навистина таа особина кај луѓето, премногу ми смета.
