Кире Лазаров не сака лицемерие, Каролина - доцнење: Која навика кај луѓето најмногу ги нервира познатите Македонци?
Каролина Гочева
Ако зборуваме за една навика, тогаш тоа сигурно би било константно доцнење и непочитување на туѓото време.
Секако, на сите ни се случило понекогаш и да закасниме, да промениме план, но кај некои луѓе тоа редовно се случува и тоа е првото нешто на кое ми текнува на оваа тема.

Даниел Данн
Една навика што најмногу ме нервира е кога луѓето претеруваат во искажување емоции, односно кога има непотребна „театарска“ драма.
Ми делува несвојствено за возрасни луѓе, а уште повеќе неискрено кога доаѓа од некој што не го познавам долго.
Наместо блискост, кај мене создава чувство дека нешто не е како што се претставува.
Не знам дали е дарба или проклетство, но често умеам да ги насетам намерите на луѓето.
Можеби токму затоа ваквото однесување ми е сигнал за претпазливост.
А уште повеќе ме нервира кога мојата љубезност се толкува како наивност.

Чарна Невзати
Најмногу ме нервираат луѓе што постојано доцнат, се неорганизирани и неодговорни.
Не можам да поднесам таков однос, затоа што го сметам за непочитување на туѓото време.
Кога некој доцни или е неорганизиран, тоа е еден себичен чин што создава непотребен стрес и трошење на време, особено затоа што јас сум личност која е организирана и точна.
Во такви ситуации имам чувство дека сѐ се успорува и се влече назад поради нечија неодговорност.

Стефан Соколовски
Ме нервира кога луѓето постојано се жалат и се негативни, и кога очекуваат да си достапен во секој момент за телефонски разговор.

Ивона Јо
Со текот на времето научив сите карактеристики на луѓето да ги прифатам и прилагодам на моето секојдневие.
Не можам да декларирам дека нешто ме нервира, но дефинитивно не практикувам доцнење.
И воопшто не ми е пријатно кога јас доцнам или кога некој друг доцни.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело