Калтрина Круезиу: „Имав комплекс поради акни на лицето, по породувањето направив корекции на тоа што не ми се допаѓаше кај себе“
- Детали
- петок, 08 мај 2026
„Порано имав страв од стареење. На 20 години си мислев дека 50 се многу. Си викав: 'До 50 да живеам после и не треба, после ќе стареам, не сакам да се видам стара (ха, ха)'. Многу глупава идеја. Сега, искрено, едвај чекам да наполнам 50 и да видам како ќе изгледам и како ќе размислувам“, вели Калтрина Круезиу.

Професорката по пијано и солфеж и инфлуенсерка, Калтрина Круезиу, во јавноста е секогаш средена и дотерана, и важи за жена со одличен моден стил.
Но, таа е и професионална шминкерка, која освен што се грижи за својот изглед, честопати разубвавува и други жени.

Фотографиите, пак, што ги објавува на Инстаграм, се специфични, сексапилни, а Калтрина преку нив ја раскажува својата приказна.
Калтрина ретко дава интервјуа, но гостуваше во подкасот „Урок“ на Сергеј Варошлија, каде што зборуваше и за естетските корекции, работата како модел, предизвиците што ги носи инфлуенсерството, негативните коментари и слично.

Во разговорот Сергеј ја запраша дали некогаш ѝ се случило да застане пред огледало и да биде незадоволна од тоа што го гледа, па да реши да смени нешто кај себе за да си ја зголеми самодовербата и да не се срами од тоа.
„Јас те знам пред која било интервенција и секогаш ти викам дека ти беше многу убава девојка, и си сè уште убава жена.
Имало ли моменти кога си се осетила неубаво, или некоја случка да те натера да размислуваш да направиш интервенција на усни, на нос?“, ја праша тој.

На ова, Калтрина му одговори:
„Ова ќе го кажам првпат кај тебе. Јас станав шминкерка зашто имав комплекс во средно поради лицето, имав акни, па се шминкав.
Затоа и научив толку добро да се шминкам, зашто имав акни, не ми беше тенот каков што сакав јас и затоа се учев да се шминкам, за да го прикријам тоа.
Па ќе ги нацртав убаво очите, ќе се нашминкав. Сите луѓе имаат некој комплекс, и тоа е многу нормално.
