Калтрина Круезиу: „Имав комплекс поради акни на лицето, по породувањето направив корекции на тоа што не ми се допаѓаше кај себе“
Ако ти си најдеш начин да си го прикриеш тоа и да си го коригираш, без оглед дали се подочњаци или брчки, зошто да не, ако тоа ти прави да се чувствуваш убаво и посреќно во своето тело.
Кај мене и не беше екстремно, тенот или кожата, нормално како кај секој тинејџер.
Но во мојата глава јас сум си мислела дека сите тоа го гледаат и тоа го сфаќав како нешто многу трагично.

Самите си ги перципираме некое работи поекстремно отколку што е реално.
А и сè тоа што не ми се допаднало на себе го имам сменето, посебно после породувањето.
Јас веќе не се чувствував како да сум истата. Не бев навикната да се гледам така.
И си стегнав заби, не јадев, вежбав, ослабев, корегирав тоа што ми сметаше“, вели таа.

Сергеј ја праша и дали има страв од стареење, но Калтрина категорично му рече дека нема.
„Не. Не. Порано сум имала многу. На 20 години си мислев дека 50 години се многу.
Си викав: 'До 50 да живеам после и не треба, после ќе стареам, не сакам да се видам стара (ха, ха)'. Многу глупава идеја.
А сега, искрено, едвај чекам да наполнам 50 и да видам како ќе изгледам и како ќе размислувам“, вели таа.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело