Теа Трајковска искрена за периодот по Кочани: „Го допрев дното со анксиозноста, имав панични напади – блиските ми беа поддршка“
Не знам дали има соодветен совет, не се согласувам дека времето лечи се, туку времето не учи да живееме со празнината. Но треба да научиме и да бидеме благодарни, се трудам да бидам благодарна што сум го имала времето со тие луѓе, што сум ги имала во животот.
Тешко ми е да зборувам на овие теми иако помина малку време. Но еве добро ми оди се трудам.

За некој што проаѓа низ нешто слично, за жал таков е животот, да не се затвораат во себе, да побараат помош, да имаат кого да држат за рака низ тешките моменти.
На блиските луѓе што ги сакаме треба да им кажеме, зашто треба да знаат“.
Погледнете извадок од подкастот:
За тоа како успеала да се справи со состојбата, пејачката вели:
„Многу размислував дали да одам на психолог, најтешките моменти ги поминав без да одам и после кога застанав на нозе и се вратив во ритам, осетив дека сум океј.
Што не викам дека треба да е пример за секого, јас морам да потенцирам дека семејството ми беше голема поддршка, ми дадоа многу љубов, беа цело време покрај мене, но и моите најблиски пријатели.
Разговарав со нив на сите теми многу отворено, и тоа е најважно, да имаш некој што ќе биде со тебе низ тоа. Доколку некој чувствува дека треба да оди кај стручно лице да разговара, тоа е секогаш добредојдено“.

За враќањето во студио и настапувањето по трагедијата вели:
„Лесно се вратив во студио, таму наоѓам мир и инспирација и волја за живот. Но настапот пред публика која очекува добар вајб ми е тешка.
Се сеќавам еднаш, имав тежок ден со лоши вести и вечерта требаше да пеам пред полн клуб, ми беше тешко. Не сум склона кон депресија како карактер и темперамент.
Но, склона сум кон анксиозност и лани го допрев дното во анксиозност. Имав панични напади, не бев ич добра, долго време траеше тоа.
Со тоа што во глава имам едно копче што знам да го стиснам кога имам настап за да се вратам на себе, но потоа пак не се осеќам добро.
Не лесно во професијава, никој не те прашува дали си добро, дали си расположен да пееш. Колеги морале да настапат по многу сериозни ситуации и смртни случаи и се.
Професионалноста бара од тебе да мораш. Настапите ми беа поголем предизвик, сега веќе некое време сум подобра. А студио сесиите ми се место кај што го наоѓам мирот“.
Погледнете го целото гостување:
М. М. | Црнобело