Теа Трајковска искрена за периодот по Кочани: „Го допрев дното со анксиозноста, имав панични напади – блиските ми беа поддршка“
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
„Имав период, март-април и средина на мај, јас немав излезено од дома, освен за најосновни работи. Нема зборови, многу е тешко да изгубиш близок човек. Тоа патење кај мене траеше многу долго. Лани го допрев дното во анксиозност. Имав панични напади, не бев ич добра, долго време траеше тоа“ - признава во подкаст Теа Трајковска, која беше многу блиска со Панчо од ДНК.

Нашата пејачка Теа Трајковска гостуваше во подкастот на Нина Ред, RESET, во кој се зборува искрено за менталното здравје и проблемите кои ретко се зборуваат во јавност.

Освен за своите песни, новиот албум, пријателите во животот, но и за скршено срце од стари љубовни врски, Теа искрено зборуваше и за анксиозноста и тешкиот период кој го имала по трагедијата во Кочани минатата година.
Таа беше многу блиска со членовите на ДНК, посебно со Панчо, чие срце престана да чука 7 месеци по трагедијата.
Во разговор со Нина, пејачката откри дека има нова песна, која ѝ ја напишал Лазар Цветковски, а текстот е инспириран токму од тоа што таа го преживувала во тој период, а во кој ќе се пронајдат и многу други.
„Ќе откријам дел од текстот: ‘До кога можам јас да чувам кога капка фали се да прелие, кога се се руши се јас губам, а глумам ко да ништо не ми е’ – овој текст е на Лазар, иако генерално сите текстови се мои.

Лазар беше прв соборец до мене кога минував низ многу тежок период лани и ми помогна да пројдам низ некои работи на колку што е можно поедноставен начин и тој ја напиша за мене, инспириран од тоа.
По телефон ми ја пееше и свиреше на клавир и му кажав дека е песна за мене. До крајот на годината ќе излезе како дел од мојот албум или како сингл“.

На прашањето дали песната произлегува од случката која ги потресе сите, Теа признава:
„Дефинитивно да, поврзана е со тоа, песната произлезе баш по тој период, што мене многу ме погоди. Имав период, март-април и средина на мај, јас немав излезено од дома, освен за најосновни работи.
Нема зборови, многу е тешко да изгубиш близок човек. Никој не знае како е додека не му се случи. Тоа патење кај мене траеше многу долго, знаеш каков беше развојот на настаните и како лошо заврши сè.
