Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам автомобил“
И ме седнува еден ден и вели: „Во Кичево имаат традиција старите селани, кога имаат прослава (верско обрезување, свадба), имаат борење се мачкаат со зејтин и се борат така за шоу, пеливани ги викаат, но има и трки“.
Е на тие трки, газдата не ти дава пари, туку ти дава бик за победа, овца за второ место, ти дава велосипед... Но, тие се страшно позитивни, добри луѓе, каде што бевме. Те пречекуваат со музика, тоа е многу интересна традиција. Борачи имаа донесено од Турција.
Е сега, ако победам ќе добијам бик, ама ЕмСи ми вели: „Ти нема дома со бикот да си одиш, ќе си го продадеш на лице место на селаните што се занимаваат со тоа“, раскажува Дарио.

„Колку пари е еден бик? Не ти беше тоа прво прашање?“, вели Лазаров, откако Дарио му кажува дека не знае колку чини.

A Дарио продолжува:
„Немав претстава дека можеш за 900-1000 евра да продадеш бик, ама зависи од бикот. Ме зема ЕмСи, возиме накај Кичево уште по ноќ, а јас не можам да си ставам во главата дека треба да победам и да ми даде газдата бик.
Трчав, победив, ме пречекаа со музика, со играње, со честитки....
И ме зема газдата и ми дава бик, поголем од мене. Ќе мрдне малку бикот, јас летам 20 метри, пошто јас го држам, а требаше околу ‘пеливаните’ да свртам круг, да ги испочитувам сите.
И јас си собрав фина сума, тоа ми се првите поголеми заработени пари, но така сум кубурел за да стигнам до кола“.

Погледнете го целото видео:
А. Ј. | Црнобело
