Дина Латиф, наша шминкерка: „За ниедни пари не би рекламирала производ во кој не верувам, како некои инфлуенсери“
- Детали
- петок, 15 мај 2026
Одговарајќи на прашањето: „Што никогаш не би направила за пари?“, Дина Латиф испраќа моќна порака и апел до сите инфлуенсери, блогери и шминкери кои рекламираат производи. Се согласувате ли?

Дина Латиф е наша млада, талентирана шминкерка, која шминка и дел од нашата естрада како што се пејачките Теа Трајковска, Мартија Станојковиќ, Мими Јовановска и низа други.
Таа на својот професионален профил на Инстаграм има повеќе од 31.000 следбеници.

Сега, Дина гостуваше во емисијата „Здраво Македонијо“, каде проговори за својата професија, но и на темата: „Што никогаш не би направила за пари?“

Дина вели:
„Ова често си го размислувам... Бидејќи на социјалните мрежи многу често се рекламираат производи, oдносно инфлуенсери, блогери и шминкери рекламираат производи.

А тоа што јас не би направила е - не би рекламирала нешто што јас не го поддржувам...
Да препорачам некој производ што јас никогаш не би го користела, кој не ми се допаѓа, независно, може и да е шминка, може и да е нешто за нега на кожа.

И да знам дека не е добро и да го рекламирам само за тоа што сме направиле некоја соработка - никако“.

Дела на Дина Латиф:
Кликнете на видеото со изјавата:
С. С. | Црнобело