Една од најзгодните Македонки беше манекенка на ревија во Кан: „Го почувствував целиот гламур“
- Детали
- понеделник, 18 мај 2026
„Eнергијата, светлата, атмосферата во Кан, сè беше на светско ниво. Најубаво чувство е кога ќе излезеш на писта и ќе ја почувствуваш реакцијата од публиката уште со првиот чекор. Горда сум што бев дел од таков момент“, вели за CRNOBELO.com Маја Глигоровска, една од најзгодните Македонки.

Маја Глигоровска (44), нашата поранешна мисица и манекенка, која 17 години работи како одделенски наставник во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје, иако одамна престана активно да се занимава со манекенство, никогаш не се откажа целосно од својата прва љубов.
Маја и Викторија
Таа и денес повремено се фотографира за модни кампањи и се појавува на модната писта, но тоа е само во исклучителни случаи и во добро осмислени проекти.

А токму таква беше ревијата на модната креаторка Викторија Џимревска, која се одржа вчера (17.05) во хотелот Carlton во Кан, еден од најлуксузните и најпознати во градот, а како дел од активностите поврзани со Канскиот филмски фестивал.
Маја имаше чест да ја отвори, но и да ја затвори ревијата на Викторија и носеше две уникатни парчиња.

Своите впечатоци од Кан и ревијата, оваа згодна Македонка ги сподели за CRNOBELO.com:
„Ревијата се одржа во Кан, во прекрасна атмосфера за време на Канскиот фестивал во хотелот Carlton.
Дизајнерката Викторија Џимревска е присутна на сите светски модни сцени и секогаш ги бара најдобрите модели за своите ревии, а јас ја имав таа чест, и довербата ми ја даде мене за да ја отворам и затворам модната ревија.

Чувството на писта беше неверојатно, многу емоции, адреналин и прекрасна енергија од публиката. И навистина го почувствував целиот гламур и магија на моментот.
Искрена да бидам, секогаш со нас и наша поддршка, е нашиот еден и единствен Стефан Соколовски, кој присуствува на сите светски сцени, па и тука.

Eнергијата, светлата, атмосферата во Кан, сè беше на светско ниво.
Најубаво чувство е кога ќе излезеш на писта и ќе ја почувствуваш реакцијата од публиката уште со првиот чекор.

Горда сум што бев дел од таков момент.
А по ревијата добив толку многу убави зборови и комплименти, што сè уште сум под импресии.

Имав и неколку покани и интерес за нови соработки, што навистина ми значи многу.
Кан навистина носи посебна магија…“.