Александра Шијакоска и сопругот блескаат на 15 години од матура - Oд партнери во средно до љубов до крајот на животот
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
Заедно поминаа многу, таа – Македонка, тој – Албанец, нивната љубов не била прифатена на почетокот, потоа дијагноза – рак на мозок, но тие се заедно од средношколските денови и нивната љубов победи сè... Сега, Александра Шијакоска и Едмонд Весели блеснаа на 15 години од матура.

Александра Шијакоска во 2023-та година стапи во брак со нејзиниот долгогодишен партнер Едмонд Весели, кој ѝ беше најголема поддршка во тешките мигови од нејзиниот живот, кога се бореше со тумор на мозокот.
Таа неретко истакнува колку неговата поддршка ѝ била клучна во целиот процес.

Александра во едно интервју откри дека фактот што таа е Македонка – христијанка, а нејзиниот партнер е Албанец – муслиман направил на почетокот тие како пар да не бидат прифатени од никого, сепак успеале да се изборат за својата среќа и љубов.

Шијакоска во една пригода изјави:
„Кога бевме помали не бевме прифатени од никој, освен од пријателите.
На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од која било предрасуда и која било разлика меѓу нас двајца“.

Александра откри дека во нивниот дом се слават и Велигден и Бајрам, а дека се многу среќни затоа што го прават сето тоа заедно со семејството.

„Многу добро и сплотено изгледа тоа. Широкото срце прифаќа сѐ. Тој што има големо срце, има простор да почитува и една вера и друга и треба да бидеш човек пред сѐ“.
Парот го има синот Риан, а интересно е што тие учеле во ист клас во средно училиште и биле партнери за матура.
Сега, Александра и Едмонд прославија 15 години од матура и позираа со своите соученици како некогаш.
