Маја Кикириткова за страшното искуство со брод до Капри: „Повраќав цел пат, луѓе врескаа, плачеа и имаа панични напади“
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
Маја сподели видео од непријатното патешествие и вели: „Денот кога одевме за Капри, беше многу ветровито. Се качивме на брод и само што тргнавме почнаа бранови, буквално бродот се одвојуваше од водата и пак паѓаше надолу. Луѓе пискаа, плачеа, повраќаа. Јас многу лошо поминав, повраќав цел пат, од паника кога станав од бродот бев испотена мокра од глава до пети“.

Маја Кикириткова периодов ужива на женско патување во Италија заедно со своите пријателки.
На својот Инстаграм профил деновиве модната дизајнерка постојано споделува импресии од посетените места, меѓу кои Неапол, Соренто, Поситано, Амалфи...
Но, освен тоа што најпознатите крајбрежни места на Амалфи брегот изгледаат прекрасно со шарените куќи, тиркизното море и уникатниот шарм, Маја ја споделува и не толку убавата страна на овие места.

„Од моја перспектива, Соренто мирен и тивок, баш по мој вкус, Поситано и Амалфи гужви и исфорсирани, не можам ни да замислам што се случува таму преку лето“ – напиша во една објава.
Таа открива дека не е восхитена од големите гужви кои не се гледаат на Инстаграм, скапите специјалитети кои не се по нејзин вкус, како сорбето кое завршило во канта, а чини 20 евра, плажите кои се обични платформи со лежалки, но и патот до одредени места.

Па така, последно таа откри како изгледало нејзиното непријатно патешествие до островот Капри, со бротче, за време на немирно море со бранови.
На Инстаграм Стори Маја објави видео на кое цврсто се држи додека од страна удираат бранови во бродот и напиша:
„Е сега да ви раскажам за патувањето до Капри. Денот кога одевме за Капри, беше многу ветровито. Се качивме на брод и само што тргнавме почнаа бранови.
Инаку возењето од Неапол до Капри трае околу час и 15 минути. Првите 10-тина минути од возењето сите беа возбудени и беше како wow момент.
Како се оддалечивавме од копно, брановите стануваа сè поголеми и буквално бродот се одвојуваше од водата и пак паѓаше надолу. Луѓе пискаа, плачеа, повраќаа.

Имаше луѓе со панични напади... Ова често се случувало, бидејќи само што се качивме во бродот, почнаа да ни делат ќеси за повраќање.
Јас многу лошо поминав, повраќав цел пат, од паника кога станав од бродот бев испотена мокра од глава до пети. Никогаш во живот така не сум се чувствувала.
Последните 10-тина минути од патувањето почнав да се губам, чувствував како воопшто не ми е добро и само броев и чекав да поминат тие 10 минути.

Стигнавме на Капри, е сега проблемот беше како ќе се вратиме назад, пак истото доживување. Решивме да одиме до Соренто, каде патот е 20 минути и од Соренто да фатиме воз.
Но бродовите за Соренто беа откажани, па отидовме до еден друг град, Кастеламаре и ни објаснија дека патувањето е со поголем фери брод и толку многу не се чувствуваат брановите, а и во меѓувреме ветерот се потсмири.
Направивме така и фино поминавме. Да го знаевме ова претходно како информација, не одевме со голем фери брод и ништо од ова немаше да се случи“.

Во продолжение видеа кои Маја ги сподели, а се направени од истиот ден на Капри:
М. М. | Црнобело