Маја Вукичевиќ стана австралиски државјанин: „Чест е да бидам дел од оваа прекрасна земја“
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
„Со големо задоволство и благодарност, денес станав државјанин на Австралија. Моја чест и привилегија е да бидам дел од оваа прекрасна земја и заедница“, напиша Маја на Инстаграм.

Поранешната пејачка Маја Вукичевиќ, која во 2019-та се пресели во Австралија, доби државјанство од земјата во која живее седум години.
„Со големо задоволство и благодарност, денес станав државјанин на Австралија.
Моја чест и привилегија е да бидам дел од оваа прекрасна земја и заедница“, напиша Маја на Инстаграм.

Таа токму преку социјалните мрежи откри дека сега е австралиски државјанин и објави фотографија со текстот на заклетвата што ја полагаше.
А во него пишува:
„Од овој момент натаму, пред Господ, се заколнувам дека ќе бидам лојална на Австралија и нејзините жители, чии демократски верувања ги делам и јас, чии права и слободи ги почитувам, и чии закони ќе ги прифатам и ќе им се покорувам“.

Маја, тајно си замина од земјава во 2019-та, а гласините беа дека тоа го направила поради љубов и дека е во врска со Македонец кој живее во Сиднеј.
Екс-пејачката никогаш не откри дали стапи во брак со својот партнер, иако се шпекулираше дека се венчале.

По преселбата, таа престана да пее и да снима нова музика.
Маја го има синот Горазд од бракот со скопјанецот Горан Грамашковски, со кого се разведе додека Горазд бил мал.
Пред неколку години и тој се пресели кај мајка си во Австралија, каде што запиша постдипломски студии.

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм