Соња Тарчуловска (47) со сопругот Јохан му прослави матура на синот ракометар - Мелани елегантна како мама
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
„Гордa сум на момчето што стана човек со срце планина. Каде и да одиш, носи ја добрината во себе и никогаш не заборавај колку си сакан“, му посвети емотивни зборови Соња Тарчуловска на синот Младен, а до нив се и Јохан и ќерките Мелани и Јована. Мелани стана пејачка по стапките на мама, а Јована е мала балерина.

Соња и Јохан Тарчуловски имаат три деца, синот Младен и ќерките Мелани и Јована, а сега и голем семеен повод за славење.

Сега, нивниот син Младен стана матурант, а Соња и Јохан го прославија овој голем ден.

За пригодата Соња облече фустан од сатен, исто како и нејзината ќерка Мелани Тарчуловска, која стана пејачка по стапките на мама.

Матурантот се одлучи за бела кошула и панталони.
Joвана, пак е балерина и во оваа пригода носеше фустанче.

Соња му посвети емотивна објава на синот матурант:
„Сине наш
Денес не славиш само матура,
денес славиш години труд, падови, соништа и растење.
Гордa сум на момчето што стана човек со срце планина. Појди по својот пат и своите цели.
Нека оваа вечер ти биде почеток на живот исполнет со храброст, љубов и успеси.
Каде и да одиш, носи ја добрината во себе и никогаш не заборавај колку си сакан.
Ти посакуваме да чекориш сигурно,
да не се плашиш од нови почетоци
и секогаш да веруваш во себе.
Исто како што јас отсекогаш верував во тебе.
Честита матура, сине!
Да си ми жив, здрав, среќен и насмеан.
Те сакаме!“
