Емилија Мицевска од плажа во 8-иот месец од бременоста: „Со трудница не се зборува нападно и со бескрајни совети“
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
„Со трудница не се зборува гласно, навредливо, како светот да знае подобро од нејзиното тело. Со трудница се зборува понежно. Светот треба да внимава на зборовите што ѝ ги упатува на една жена во период кога таа е истовремено најсилна и најчувствителна“, вели Емилија Мицевска, која го покажа трудничкиот стомак на „Глумците пеат“, а сега со саканиот Деан ужива на плажа.

На крајот во месец март актерката Емилија Мицевска, имаше совршена вокална изведба на манифестацијата „Глумците пеат“, каде измами аплаузи и пријатни емоции со тоа што настапи во 6-иот месец од бременоста, со креација која го покажа нејзиниот труднички стомак.

Сега, на крај од 8-иот месец од бременоста, актерката ужива на плажа со својот сакан Деан.

Таа позираше со трудничкиот стомак и испрати моќна порака оттаму.

На тема што секој треба да знае за трудниците, Емилија вели:
„Со трудница не се зборува гласно, навредливо, нападно и со бескрајни совети, како светот да знае подобро од нејзиното тело. Со трудница се зборува понежно.
Светот треба да внимава на зборовите што ѝ ги упатува на една жена во период кога таа е истовремено најсилна и најчувствителна.

Да внимава да не создава дополнителен страв, вина и хаос таму каде што ѝ треба мир.
И да престанеме да мислиме дека телото на трудницата е јавен простор за коментари - дали е премногу голема, мала, здебелена, отечена или уморна.
Тоа тело тивко создава живот и заслужува почит, не анализи.

Во време кога сè е маркетинг, притисок и има список од работи што ‘мора’ да ги има, забораваме дека на една трудница најмногу ѝ треба чувство на сигурност.
Да не биде поправана и преоптоварувана, туку чувана.
Бременоста не е само растење на еден живот. Тоа е и тивко раѓање на една мајка.
А тој процес заслужува нежност“.




Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело