Сара од Битола е томпалевска снаа во Лазарополе: „Видовме мечка со сопругот, тој ja сликаше, селото е магично“

„Пред некој ден, кога си одевме од Лазарополе и после Меривичина краста, свекрва ми свика: ‘Мечката’, јас онемев, мислев веќе заминала и пак не ја видов, ама тука беше како што можете да видите на фотографијата“, вели Сара од Битола, томпалевска снаа во Лазарополе, за CRNOBELO.com.

sara-od-bitola-e-snaa-vo-lazaropole-vidovme-mechka-so-soprugot-toj-go-ovekovechi-migot-so-fotografija-01.jpg

Сара од Битола е томпалевска снаа во Лазарополе и вели дека секој слободен миг го користи за да го посети селото, а и едвај чека да се пензионира за да живее таму.

Па, така неодамна при посета на Лазарополе, Сара и сопругот имале среќа да видат мечка, а и да го овековечат моментот.

Сара слушнала дека има мечиња периодов таму и буквално ги барале.

Сара за CRNOBELO.com вели:

„Од првиот ден кога дојдов во Лазарополе знаев дека ќе го сакам како да сум таму родена.

Домот на дивите животни им е во планина, нас ни е чудно, интересни ни се, а може и се плашиме, но кога ќе ги видиме имаме друга мисла за нив - сфаќаме колку се убави и нереални.

sara-od-bitola-e-snaa-vo-lazaropole-vidovme-mechka-so-soprugot-toj-go-ovekovechi-migot-so-fotografija-04.jpg

Кога се блиску до нас, веднаш се фаќаме за телефони, да сликаме, да снимиме, ретко се случува да ги видиме, па барем спомен да остане.

Од кога првпат известија во групата „Лазарополе“ дека има мечиња, јас бев окупирана со патувањето до Лазарополе.

Гледав, пратев, за да ја видам исто како што велат што е твое ќе си дојде.

sara-od-bitola-e-snaa-vo-lazaropole-vidovme-mechka-so-soprugot-toj-go-ovekovechi-migot-so-fotografija-02.jpg

Но, пред некој ден, кога си одевме од Лазарополе и после Меривичина краста, свика свекрва ми: „Мечката“, јас онемев мислев веќе заминала и пак не ја видов, ама тука беше како што можете да видите на фотографијата.

Мечката си уживаше и ептен блиска средба имавме, мажот ми веднаш ја сликаше, преубава глетка навистина...

sara-od-bitola-e-tompalevska-snaa-vo-lazaropole-vidovme-mechka-so-soprugot-toj-ja-slikashe-seloto-e-magichno-001.jpgФото: Фејсбук група „Лазарополе“

И самото Лазарополе е една разгледница, тие сцени само во главата се врежуваат.

Свекор ми е од Лазарополе по потекло. Растел со баба му и дедо му во Лазарополе и често ни раскажува за мијачкиот дел, па ние како помлада генерација се трудиме да ја зачуваме традицијата што ни ја предале.

sara-od-bitola-e-snaa-vo-lazaropole-vidovme-mechka-so-soprugot-toj-go-ovekovechi-migot-so-fotografija-05.jpg

Премногу го засакав селото и одвај чекам да се пензионирам за да живеам во Лазарополе, како што вели во песната: „ТАМУ ДА СИ ОДМОРАМ ДУША ЕЈ ПРЕМОРЕНА“.

Откако го посетувам Лазарополе повеќе имам желба за природа и почнувам сè повеќе да ја сакам убавината на природата и животните. Уживам во мирот, воздухот и некако како да сум поблиску до ѕвездите и сонцето оти сепак Лазарополе е таму најгоре.

sara-od-bitola-e-snaa-vo-lazaropole-vidovme-mechka-so-soprugot-toj-go-ovekovechi-migot-so-fotografija-03.jpg

Би сакала да ги поттикнам сите што сакаат да уживаат во природа да го посетат Лазарополе, па и цела недопрена природа во Македонија, па може ќе сретнат и некое мече“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси од...
Прекрасна глетка на Кораб - Швеѓанка сними мечка со три мечиња, близу местото каде што кампувала „Какво беше вашето утро? Моето изгледаше вака. Сретнав мечка со три мечиња на па...
Сопругот на Антониа Гиговска наполни 28 години – таа го изненади со торта со „Џокер“, најголем подар...  „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт на фотографија со ...
Сопругот на Јелена Јованова проговори за бракот со неа и двата сина: „Еден на друг сме си најдобри к... „Ако актерството повеќе ништо не ми донесе, секогаш ќе бидам благодарен и среќен...
„Сака да ја засени кумата“ - Сопругот на Антониа Гиговска стана хит меме со фризурата - си ги објаву... „Сака да ја засени дури и „кумата“ од случката на Водно“, се само дел од хит тви...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава