Маја Оџаклиевска: „Убавината ми пречеше во младоста - никој не слушаше како пеам, на сите им беше важно како изгледам“
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
„Денес сите жени се обидуваат да изгледаат многу убаво. И секако, се „унаказуваат“ попатно. Каква глупост. Додаваш тука, додаваш таму, додаваш тука. И тебе веќе те нема никаде“, вели Маја Оџаклиевска.

Маја Оџаклиевска, нашата пејачка која неколку децении живее во Србија, во последно време е чест гостин на локалните телевизии, а неодамна пееше и на фестивалот Beogradsko prolece.
И секое од овие појавувања на Маја во јавноста предизвикува реакција кај публиката.

Па така, неодамна на Инстаграм почна да се споделува видео од гостувањето на Оџаклиевска во телевизија Уна, каде што искрено кажа дека убавината повеќе ѝ пречела, отколку што ѝ помагала во младоста.
„Убавината многу ми пречеше кога бев млада, зашто никој не ме слушаше како пеам, на сите им беше важно како изгледам.

И очигледно, денес тоа ескалираше, па дојде до израз и така, сите жени се обидуваат да изгледаат многу убаво.
Секако, се „унаказуваат“ попатно. Каква глупост. Додаваш тука, додаваш таму, додаваш тука.

И тебе веќе те нема никаде. Сите личат една на друга.
И нема веќе индивидуализам, нема суштина, нема сензибилитет...“, вели таа, правејќи „фаци“.
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело /фото: Фејсбук