Скопјанец ја запроси саканата во манастирот Острог: „Спиевме во дворот, утрото на ќебето ни слетаа гулаби – не сфатив дека тоа е симбол“
- Детали
- среда, 27 мај 2026
„Ноќта ја поминавме во дворот на манастирот, спиејќи под ведро небо, опкружени со неверојатен мир. Утрото се случи нешто многу симболично – баш на нашето ќебе слета јато од пет-шест гулаби. Филип го планирал ова 1 месец, но сакал најпрво да земе благослов од светецот, па дури потоа да ме запроси“ - раскажува за CRNOBELO.com Симона од Битола.

Симона Георгиевска (33) од Битола и Филип Велков (30) од Скопје се во љубовна врска 2 години.
Тие живеат во Скопје, а неодамна беа на патување во Острошкиот манастир, каде Филип ја побара раката на саканата.
Симона воопшто не го очекувала тоа, а отпосле сфатила дека утрото им започнало симболично, кога на ќебето им слетале неколку гулаби.

За CRNOBELO.com Симона раскажува детали од запросувањето:
„Нашата љубовна приказна започна сосема случајно, пред две години, додека ги шетавме нашите кучиња во парк.
Уште од првиот разговор почувствувавме посебна блискост, а љубовта кон животните нè поврза уште повеќе.
Денес чуваме три кучиња и тие се дел од нашето секојдневие и нашето мало семејство.

Најубавото „дали сакаш да се омажиш за мене?“ се случи на 23 мај во Манастир Острог - место кое носи огромен мир, духовност и посебна енергија.

Во манастирот пристигнавме рано наутро за утринската литургија. Ноќта ја поминавме во дворот на манастирот, спиејќи под ведро небо, опкружени со неверојатен мир.
Утрото се случи нешто многу симболично – баш на нашето ќебе слета јато од пет-шест гулаби.
Во тој момент не ни помислив дека тоа е некаков знак, но подоцна сфатив колку магичен бил целиот ден.

По литургијата се подготвувавме да одиме кај моштите на Свети Василиј Острошки.
Јас воопшто не насетував што подготвува Филип, а тој, всушност, речиси еден месец го планирал целиот момент.
Сакал најпрво да земе благослов од светецот, па дури потоа да ме запроси.
