Најубавиот Италијанец на вечера со Цеца, но и на дружба со македонски фотограф - си направија селфи заедно
- Детали
- среда, 27 мај 2026
Со извајано тело и продорни сини очи, италијанскиот заводник Симоне Сузина важи за еден од најубавите мажи во светот. Цеца со насмевка на лицето ужива во вечера со вино со него во Белград. А дружба со Симоне имаше и нашиот фотограф Стефан Соколовски, познат како Badstef.

Го гледавте ли филмскиот серијал „365 Days“ – подеднакво возбудлив како и познатиот „Fifty Shades of Grey“?
Таму го запознавме италијанскиот заводник Симоне Сузина. Моделот и актер, кој со црната коса и светлите очи, важи за маж од соништата за многу жени, сега престојува во Белград.

Тој се дружеше со македонскиот фотограф Стефан Соколовски, познат како Badstef, чии фотографии се вистински „ремек дела“, а светските ѕвезди обожаваат да соработуваат со него.

Стефан направи селфи во лифт со Сузина, па се пофали на Инстаграм дека неговиот пријател стигнал во близина на Македонија.
Инаку, за време на престојот во Белград Симоне беше на вечера со Цеца, за што сведочи и фотографијата што се појави на профилот на пејачката.
Италијанскиот актер носи впечатлива кошула и го покажува своето фит тело.
Со Симоне средба имаше и македонскиот стилист Марјан Петров, кој објави фотки од Белград на Инстаграм.

Симоне е роден во 1993 година во Катанија, на сончевата Сицилија. Кариерата ја започнал како модел, а благодарение на извајаното тело и продорните сини очи, со години чекорел по модните писти и бил заштитно лице на култни брендови како Armani, Dolce & Gabbana и GUESS.

Сепак, светската слава му ја донесе актерството. Жените ширум светот ги воодушеви со улогата на опасниот и згоден Начо во вториот и третиот дел од 365 Days, а голем успех повтори и во страсната драма Heaven in Hell.