Нашиот BadStef му направи фотки на италијанскиот заводник Симоне Сузина на Миконос: „Флертува со жените и ги полудува“
- Детали
- четврток, 21 август 2025
„Со Симоне се запознав на плажа на Миконос пред 2 дена. Неговиот менаџер сакаше да фоткаме веднаш, но веќе имав договорено фотосесија со познат модел, па се договоривме за вчера. Сопственичката на Cavo Tagoo ни го даде најубавиот апартман за фотосесијата, а фотките излегоа врвни“ - раскажа Стефан Соколовски за CRNOBELO.com.

Македонскиот фотограф Стефан Соколовски, кој од година во година гради сè поуспешна меѓународна кариера и има фотосесии со славни личности и познати брендови низ целиот свет, вчера (20.08) му направи фотосесија на италијанскиот модел и актер Симоне Сузина.
Заводникот од филмот 365 Days е на Миконос во исто време со Стефан, па откако случајно се сретнале на плажа, веднаш договориле соработка.
За фотосесијата со Сузина, чии официјални фотографии ќе бидат објавени наскоро, Стефан (познат како BadStef) раскажа за CRNOBELO:
„Уште пред да дојдам на Миконос, видов дека неодамна бил таму, па му пишав на еден мој пријател и соработник од Милано, кој е другар со Симоне, да му каже кој сум, што работам и да фоткаме, но муабетот остана така.
Завчера со другарка ми Ива Гргуриќ од Хрватска бевме на една многу позната плажа тука, без резервација ни дадоа лежалки во прв ред.
Веднаш до нас беше мојот пријател од Милано, со него и Сузина, само што јас во прв момент не ги забележав. Ива ги видела и ми кажа, па отидов да се поздравам.

Се запознавме, а неговиот менаџер од Милано, Федерико, ме праша дали може да сликаме, откако му кажав со кого сè имам работено и дека правам кампањи за Philipp Plein, Ellie Saab, John Richmond.
Ме прашаа до кога сум тука и сакаа да сликаме веднаш, ама јас попладнето имав договорено сликање со еден многу познат модел од Саудиска Арабија, па се договоривме да фотографираме вчера.

Сопственичката на Cavo Tagoo ни даде платимум апартман за фотосесијата. Фотографиите се приватно, за него, бидејќи спрема нов бизнис.
Излегоа врв и ќе бидат објавени наскоро, а веќе договоривме и нешто за во Венеција.

Инаку, му кажав дека е полош од мене и дека мрда постојано додека позира.
Малку беше расеан и не можев да го соземам, но беше многу професионален“.

Го прашавме Стефан дали е Симоне и во живо згоден и шармантен како на филмското платно и на фотките на Инстаграм, а тој ни одговори:
„Физички да, изгледа исто како на фотографиите. Многу е опуштен, многу е симпатичен и многу флертува со жени. Буквално ги полудува сите жени.
Интересен е многу за дружба и вечерва пак ќе се дружиме, на вечера сме со друга екипа, и потоа ќе излегуваме заедно.
Дури ѝ се додворува на една моја пријателка, ха-ха, ама не смеам да кажам ништо повеќе од тоа.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
