Александра Шијакоска го прослави Курбан Бајрам со семејството - заљубено го гледа сопругот, издоминира во елегантен аутфит
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
Во домашна атмосфера, елегантна во свој стил, модната инфлуенсерка Александра Весели Шијакоска, го прослави Курбан Бајрам со сопругот Едмонд Весели и семејството.

Инфлуенсерката Александра Весели Шијакоска, вчера (27.05) го прослави Курбан Бајрам.
Таа на Инстаграм Стори објави неколку фотки со кои го честиташе празникот, а на кои е со сопругот Едмонд и со нивниот син Риан.

Шијакоска го покажа и својот елегантен стил - избра кафеав фустан со точки и мала елегантна шапка со која го дополни изгледот.
Во кафеаво беше облечен и нејзиниот сопруг, а за нивното синче таа избра аутфит во земјени тонови.

Но, за прославата на Курбан Бајрам, Шијакоска беше модно усогласена и со Агнеса Весели, дизајнерката на ентериери, која е сестра на Едмонд.
Агнеса, исто како Шијакоска, носеше фустан со точки, но таа се реши за кратко бело фустанче.

А. Ј. | Црнобело