Аделина Тахири (35) со извајани стомачни мускули во раскошен ресорт во Египет, по семејните мигови со синот (7) и сопругот
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
Пејачката е посветена мајка на 7-годишниот Јон, а веќе речиси 9 години е во брак со адвокатот Серјожа. Таа за секоја пригода прави раскошни прослави со саканите, но и секој слободен миг го користи за релаксација на море. И годинава во Хургада покажа дека е вистинска бикини кралица...

Аделина Тахири знае како да живее со полн здив.
Без разлика дали станува збор за работни обврски околу музиката, за модни комбинации, патувања или за мигови со семејството, таа сака сè да направи во најдобро можно светло и да го има најдоброто од сите светови.

Па, така по семејните мигови со сопругот Серјожа и синот Јон, сега е на одмор во Египет.

Во Скопје таа имаше повеќе поводи за славење со своите сакани, па од нејзиниот 35-ти роденден до 7-иот роденден на нејзиниот наследник, постојано правеше забави и ги собираше сите роднини и пријатели на едно место.




Но, сега е препуштена на релаксација во раскошен ресорт во Египет, каде во монохроматски бикини покажа какви извајани стомачни мускули поседува.

Со шешир на глава, синооката убавица блеска во тропска атмосфера.

