Бетика легна на штица со шајки и го покажа грбот со дупчиња: „Нема крв, кожата не се прободува“
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
„Многумина мислат дека оваа практика предизвикува крвавење, но не е така. Бакарните клинци се поставени на еднакво растојание и тежината на телото рамномерно се распределува, па кожата не се прободува“, вели Бетика од Ресен за своето искуство.

Садху борд пракса е техника на стоење/лежење на даска со клинци (Sadhu Board), која потекнува од древните јогиски традиции.
Бетика се одлучи за нов предизвик, па започна да ја вежба оваа техника.

Таа легна на штица со шајки и на Инстаграм покажа како изгледал нејзиниот грб потоа.
За CRNOBELO.com таа споделува како изгледало ова искуство:
„На почетокот чувствуваш болка и силен отпор од умот. Но, ако останеш, свесно дишеш и се препуштиш на процесот, по некое време сè почнува да се менува.
Болката се претвора во силен наплив на енергија, телото се буди, крвотокот се активира, а чувството е како секоја клетка да оживува, умот се смирува, а телото и духот се усогласуваат.

Многумина мислат дека Садху бордот предизвикува крвавење, но тоа не е така.
Бакарните клинци се поставени на еднакво растојание и тежината на телото рамномерно се распределува, па кожата не се прободува.

Ова е патување низ непријатноста кон поголема свесност, смиреност и внатрешна сила.

Практиката помага во: развивање ментална сила и фокус, надминување на стравот и непријатноста, продлабочување на свесното дишење, подобрување на присутноста во сегашниот момент, градење внатрешна дисциплина.
Садху бордот ме научи на нешто што ниту една книга не можеше да ми го објасни. Кога ќе застанеш на клинците, првата борба не е со болката, туку со сопствениот ум.

Со гласот кој ти шепоти да се повлечеш, да се откажеш, да избегаш. А потоа, чекор по чекор, здив по здив, почнуваш да сфаќаш дека најголемите ограничувања никогаш не биле во телото, туку во стравовите што ги носиме во себе.
И за крај границите што ги чувствуваме често се само приказни што умот ни ги раскажува, ослободи се и ќе почувствуваш благодатен мир“.
С. С. | Црнобело
