Инга Мицев од Лас Вегас се пресели во Виница - Ќерка ѝ (11) открива зошто ѝ се допаѓа животот кај нас
- Детали
- понеделник, 08 јуни 2026
Инга Мицев од Лас Вегас вели дека додека во САД ве снимаат милион безбедносни камери, во Македонија „ве снимаат“ само бабите од соседството и со тоа доловува колку е безбедна нашата земја. Плус, споделува кадри од зеленилото и песната на птиците во Виница, а ќерка ѝ вели дека е пресреќна што сама може да се шета со другарите и сама да оди на училиште.

Инга Мицев од Лас Вегас пред околу една година се пресели од Лас Вегас во Виница, Македонија.

Таа снима забавни видеа на Инстаграм за животот тука, а снимаше и една од прошетките со ќерка ѝ низ градот, каде ќерка ѝ (11) раскажува зошто ѝ се допаѓа животот во Виница.

Инаку, Инга во своите Инстаграм видеа открива дека најзабавно кај Македонците им е нивното „ПОЛЕКА расположение“, односно што работите ги прават бавно и смирено, па работите ги оставаат за утре или за некој друг ден или пак ќе им се јавиш ѝ велат дека тргнале накај тебе, а тие не тргнале и уште се спремаат дома.
Се шегува дека кафе со пријателите трае 4 часа, а збогување со нив – 45 минути, но кога ќе седнат зад воланот тогаш живеат брзо и бесно.
Инга на почетокот од видеото вели:
„Ние се преселивме од Лас Вегас, САД, во Македонија минатата година и постојано ни поставуваат прашања дали ни се допаѓа и дали на нашата ќерка ѝ се допаѓа, дали се навикнала тука, па таа самата ќе ви покаже дали ѝ се допаѓа тука“.

Нејзината ќерка, пак, открива:
„Многу ми се допаѓа тука, а разликата помеѓу Вегас и Виница е што во Виница можеш да се шеташ наоколу слободно иако си дете“.

Инга додава:
„Значи, можеш сама да одиш и да си играш со пријателите, да се слушнете, да се договорите и да уживате...
И кул е што можеш сама да одиш до продавница и да си купиш грицки или нешто.
Одлично е што можеш да одиш и на училиште сама, што мене ми е омилено и не морам да те носам и да те земам“.
Видео од нивната прошетка и разговор:
Таа покажува како изгледа секојдневието во Виница:
Инга во видео шеговито кажува и зошто Македонија е толку побезбедна од САД - додека во Вегас има камери, во Македонија „снимаат“ бабите од соседството:
Таа споделува и како го вежба македонскиот јазик:
С. С. | Црнобело