Стефан Лазаров среде скандал, по реновирањето на дом: „Пред 4 години на истото семејство му го реновирале станот“
А уствари тие ги продаваат гипс картоните, дел од ламинат и плочки, материјали што ни останаа и им рековме како сакате вие - така направете.
Зошто комшивке толку омраза? Зошто 60 дена не дојде едно кафе да понудиш?
Јас сум свесен дека има ПРЕМНОГУ семејства на кои што им треба помош и ете земете пример - откажете се од сопствениот живот на 2 месеци и одете реновирајте, возете до Куманово секој ден по два пати, инвестирајте свои пари, да да, дадовме околу 5.000 евра наши пари за овој проект, а останатиот дел од фирми.
И ете така сите заедно ќе придонесеме повеќе семејства да имаат подобар живот.
Дури добивам пораќи, најдрски, Еј дечко еве ние немаме, ај дојди напрај ни. Или не сум вратил 2 дена на порака следува: ууу бе преварант, зошто не дојдеш нашата да ја направиш, а истите тие луѓе само 2 дена претходно се со срцепарателни пораки.
Мислам стварно не разбирам до каде оди вашата дркост да пишувате зошто сме помогнале? Зошто???? Така сакав?
Седите од дома и пишувате, аман дојдете ете сите следниот пат, па заедно да бутаме тавани и да чистиме шут. Ама знаете колку ќе дојдете? Ниеден.
Фала им на сите хумани луѓе што ни помогнаа (фирмите), го направивме ова асполутно со наши пари и поддршка од фирмите, без 1 денар донација.
Сега сфаќате зошто не сакам да го правам ова често? Замислете па и со донации да го правиме. На крај и криминалец ќе ме направите.
Кликнете на видеото од реакцијата на семејството кога првпат го виделе реновираниот дом:
С. С. | Црнобело