Стефан Лазаров: „Синот ќе се вика Лука, уште немаме купено ништо за бебето“
- Детали
- четврток, 04 јуни 2026
„Оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите родители. Мислиме дека така е поубаво, сами да се посветиме на сè што е поврзано со синот“, вели за CRNOBELO.com Стефан, кој едвај чека да стане татко.

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта на есен ќе станат родители.
Тие го очекуваат своето прво дете за кое неодамна дознаа дека ќе биде момче, па веќе избраа и име за него.

Стефан, кој изминатиов период, освен на подкастот и реновирањето куќа за семејство од Куманово, беше посветен и на организирањето на Lazarov Awards, настан на кој вторпат се собраа дел од јавните личности од земјава, а најдобрите во неколку категории освоија награда.
Пред вечерта исполнета со многу музика и стенд-ап, со Стефан разговаравме накратко за татковството, а тој ни призна дека едвај чека да го добие епитетот „татко“.

„Многу сум возбуден што ќе станам татко, тоа ми е најубаво нешто што ми се случи годинава.
Име имаме, синот ќе се вика Лука.
Aма, уште му немаме направено детска соба, немаме ништо купено. Чекаме да се вселиме во август во станот.
Фирмата што ни го уредува станот треба да заврши до крај на јули, но си оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите родители.
Мислиме дека така е поубаво, сами да се посветиме на сè што е поврзано со синот, па се радувам и на тоа“, рече Стефан за CRBNOBELO.com.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
