Вистински другар! Перо Антиќ го одведе синот на Панчо на полуматура: „Среќно, лепотану“
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
Андреја, постариот син на Панчо, вчера славеше полуматура, а на прославата го одведе Перо Антиќ, еден од најдобрите пријатели на неговиот починат татко.

Перо Антиќ и Владимир Блажев Панчо долги години беа блиски пријатели, кои имаа огромна почит еден кон друг.

Сега, кога Панчо веќе не е меѓу нас, Перо како вистински пријател, го одведе неговиот постар син, Андреја, на прославата на неговата полуматура.

Перо го пречека Андреја со своето Ferrari, а потоа му отвори врата за да седне во автомобилот.

Тој на Инстаграм Стори објави и заедничка фотка, па напиша: „Среќна матура лепотану, Блажев јуниор“.

И Андреја објави фотографија од прославата на полуматурата на својот Инстаграм, црнобело селфи во огледало.

Тој наполни 15 години во февруари и е страстен фудбалер, а Панчо постојано ја поддржуваше неговата љубов кон фудбалот и се гордееше што Андреја го следи својот сон.
Повеќе фотографии:

А. Ј. | Црнобело
