Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако си келнер или молер“

„Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка ми, баба ти Каќуша, која многу те сакаше и јас пробувам да ти го пренесам - а тоа е да бидеш добар човек бидејќи сè помалку на светот ги има таквите“, му порача Панчо со многу емоции на својот постар син, Андреја.

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-01.jpg

Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК или диџеј Шорти, напиша емотивно писмо за својот првороден син Андреја, кој успеа да влезе во фудбалската академија на ФФМ и со тоа да го следи својот сон еден ден да биде професионален фудбалер.

Во објавата, со многу гордост, Панчо му се обраќа на своето чедо, па вели дека тој како татко ќе е пресреќен ако Андреја си го исполни сонот, но ќе биде уште посреќен ако тој стане добар човек, чесен и искрен, зашто таквите се сè помалку на светот.

View this post on Instagram

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Својата порака, насловена „Писмо до моето сè“, Панчо ја објави на Инстаграм, заедно со десетина фотографии од Андреја, од неговото раѓање, па до денес, кога тој има 13 години и веќе е тинејџер.

„Како денес се сеќавам кога првпат те видов. Да бидам искрен, ми беше страв да те земам во раце бидејќи беше голем колку една кифла.

Те видов и вчера, ама веќе не ми беше страв, бев многу горд и среќен за тебе.

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-03.jpg

Од оваа година започнуваш едно ново поглавје во твојот живот, за кое сум убеден дека ќе те направи само подобар човек и ќе ти го изгради карактерот во вистински правец.

Драго ми е дека успеа да станеш дел од ФФМ академијата, бидејќи знам колку ти значеше истото и знам колку го сакаш фудбалот и спортот.

Јас само сакам да ти посакам среќа и кажам дека секогаш ќе ја имаш мојата поддршка и дека секогаш ќе бидам тука за тебе, без оглед на сè.

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-04.jpg

Во моментов треба да ги бркаш твоите соништа, да си свесен дека сè е возможно доколку максимално се посветиш на истото и најважно е да го правиш она што те прави среќен.

Немој никогаш да ги слушаш оние кои ќе ти викаат дека постојат невозможни работи, бегај од таквите, бидејќи тој профил на луѓе можат само да те туркаат надоле.

Погоре ти кажав, сонувај и дај максимум од себе за истите да ти станат јаве.

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-02.jpg

Ако ме прашаш мене, знаеш дека најмногу на свет сакам да станеш професионален фудбалер, бидејќи и сам знаеш колку многу го сакам спортот.

Но, исто така, сакам да знаеш дека ќе бидам исто толку горд на тебе доколку станеш келнер, молер, уметник, шофер или продавач на тезга и секогаш ќе те сакам безусловно.

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-08.jpg

Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко.

На тоа ме учеше мајка ми, баба ти Каќуша која многу те сакаше и јас пробувам да ти го пренесам истото, а тоа е да бидеш добар човек бидејќи сè помалку на светот ги има таквите.

Да помагаш на послабите, да делиш со оние кои немаат или имаат помалку од тебе, да бидеш чесен и искрен, да се грижиш за природата и да сакаш, без оглед на сите разочарувања кои ќе ги доживееш низ патувањето наречено ‘живот’.

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-10.jpg

Имам уште многу што да ти напишам и кажам, но ќе скратам, и уште еднаш ќе ти ја посакам и испратам најголемата среќа на овој свет, па дај Боже да те гледам на зелените терени.

Те сакам“, напиша Панчо.

Повеќе фотографии од Панчо и Андреја:

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-09.jpg

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-07.jpg

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-06.jpg

pancho-mu-napisha-iskreno-pismo-na-sinot-najmnogu-sakam-da-stanesh-fudbaler-no-kje-bidam-gord-i-ako-si-kelner-ili-moler-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото... „Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg