Полуматуранти од скопско училиште со кул видео: „Првпат влеговме со ранци поголеми од нас, сега излегуваме повисоки и похрабри“

Кул видео од скопско училиште - влегуваат во училница како првоодделенци, излегуваат како полуматуранти: „Некогаш со ранци поголеми од нас и со очи полни љубопитност зачекоривме низ училишната врата за првпат. Денес, девет години подоцна, излегуваме од неа повисоки, похрабри и побогати за безброј спомени“. 

polumaturanti-od-skopsko-uchilishte-so-kul-video-prvpat-vlegovme-so-ranci-pogolemi-od-nas-sega-izleguvame-povisoki-i-pohrabri-01.jpg

Во последно време, многу почесто гледаме кул иницијативи од училиштата во нашата земја, како убаво уредени дворови и забавни видеа со првачиња кои ги испраќаат полуматурантите.

Сега на социјалните мрежи се појави уште едно интересно видео, направено од полуматуранти на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје.

Учениците од IX-3 направиле креативно видео, на кое првачиња (кои треба да ги претставуваат нив пред 9 години) влегуваат во училница, а потоа полуматурантите излегуваат од истата училница и ја затвораат вратата.

polumaturanti-od-skopsko-uchilishte-so-kul-video-prvpat-vlegovme-so-ranci-pogolemi-od-nas-sega-izleguvame-povisoki-i-pohrabri-02.jpg

polumaturanti-od-skopsko-uchilishte-so-kul-video-prvpat-vlegovme-so-ranci-pogolemi-od-nas-sega-izleguvame-povisoki-i-pohrabri-045.jpg

Во описот стои нивниот емотивен текст:

„Некогаш со ранци поголеми од нас и со очи полни љубопитност зачекоривме низ училишната врата за првпат. Денес, девет години подоцна, излегуваме од неа повисоки, похрабри и побогати за безброј спомени.

Mеѓу овие ѕидови пораснавме, другарувавме, учевме да победуваме, но и да стануваме по силни по секој предизвик. Времето тивко леташе, а денес остануваат насмевките, прегратките и моментите што засекогаш ќе живеат во нашите срца.

Основното училиште завршува, но приказната на IX³ што ја создадовме заедно ќе трае вечно“.

Погледнете го видеото:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 годи... „Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...

Најчитани неделава