„Мојот траорен вресок ќе го памети ќерка ми“ - Сопругата на Андреј од ДНК со емотивна исповед, првпат јавно по смртта на пејачот
- Детали
- четврток, 11 јуни 2026
„За некоја несреќа ете на 15-ти вечерта мојата сестра славеше роденден. Таа е родена на 15-ти март и од тогаш нејзиниот роденден го паметиме по лошо, за жал. Инаку, трагичната вест до мене како да стигна најдоцна. За нас повеќе нема бои...“, емотивно вели Наталија, во траорна исповед во „Претрес“.

Некои болки едноставно не се мерат со зборови, за некои болки едноставно нема доволно зборови, па така по повеќе од една година по кобниот 16.03 и трагедијата во Кочани, сопругата на Андреј од ДНК, Наталија, уште не може да се помири со страшната загуба.
Таа сега и имаше гостување, каде зборуваше за трагедијата.

Сепак, среде болката, нејзина најголема мотивација е ќерката Јана.

Наталија деновиве на Инстаграм сподели какви роденденски честитки добила од ќерка си, каде таа ѝ пишува дека никогаш нема да ја напушти и ќе ја чуваат со баба.
Честитките што ги сподели Наталија:

Наталија сега гостуваше во подкастот на Ландов „Претрес“ каде зборуваше за смртта на сопругот.
На прашањето како се чувствуваат со ќерката Јана, вели:
„После еден бурен период, за нас, би кажала доста тежок, некако собираме сили да продолжиме понатаму.
Откако се случи трагедијата за нас секојдневието повеќе не е исто. Додека некој друг гледа бои надвор, ние гледаме сивило искрено.
Сепак за да не биде тоа толку трагично и трауматично, се трудиме да продолжиме понатаму, затоа што верувам дека и Андреја, мојот сопруг, би го сакал тоа“.
