Сопругата на Андреј ДНК со болно сеќавање: „Не сакав да влезам да го препознаам, им кажав не знам дали ќе издржам, а имам малолетна ќерка“

 

soprugata-na-andrej-dnk-ne-sakav-da-vlezam-za-da-go-prepoznaam-im-kazhav-ne-znam-dali-kje-izdrzham-a-imam-maloletna-kjerka-06.jpg

Во болницата како се движев по ходникот слушав вресоци и лелекања, буквално во хорор филм.

Несвесно сум завршила во просторија која е соба за препознавање, каде беа сите загинати.

Барајќи го сопругот никој не ми обрна внимание да ми помогне, да провери дали е на списокот и случајно еден инспектор ме сретна во таа просторија, се претставив кого барам и веќе влегов во една просторија каде бев известена дека мојот сопруг е починат.

Бев на некој начин принудена да одам да го препознаам, иако не бев во состојба воошто да влезам таму и не знаев на што ќе наидам.

И ги замолив да не ме форсираат, затоа што не знам како и дали ќе го издржам тоа, а дома имам малолетна ќерка и морам да сум силна за неа.

soprugata-na-andrej-dnk-ne-sakav-da-vlezam-za-da-go-prepoznaam-im-kazhav-ne-znam-dali-kje-izdrzham-a-imam-maloletna-kjerka-04.jpg

Препознавањето го изврши најдобриот другар на Андреја, Славко, со којшто секој ден беа заедно.

И кога се врати веќе од просторијата, ми се појави една зелена фаца, кадешто сфатив дека тоа е вистина.

До последен момент мислев дека ќе го најдам некаде и ме водеше мислата дека е на распит.

Секоја минута за мене беше една година. Секакви сценарија ми се вртеа, но не и дека не е меѓу живите“.

Подкастот на Ландов „Претрес“ каде Наталија зборуваше за смртта на сопругот (од 1:16 минута):

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Наташа Фигурела: „Сите сакаме пари - јас сум хедонист, сакам луксуз, скапи чанти, убав автомобил“ „Сите сакаме пари... Јас сум хедонист. Сакам убаво да јадам, убаво да шетам... М...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава