Наталија, вдовицата на Андреј: „Јас ѝ соопштив на ќерка ми дека татко ѝ е некаде далеку на небото уште истиот ден, се затвораше во соба“

„Јас не можам да ви ја опишам со зборови таа врска што ја имаа Андреја и Јана, и верувам дека таа врска ќе остане како нешто нераскинливо и дури ниту јас како мајка – не можам тоа да го заменам“, вели Наталија за својата ќерка и прерано починатиот сопруг.

natalija-vdovicata-na-andrej-dnk-jas-i-soopshtiv-na-mojata-kjerka-deka-nejziniot-tatko-e-nekade-daleku-na-neboto-ushte-istiot-den-se-zatvorashe-vo-soba-01.jpg

Сопругата на Андреј ДНК открива низа детали поврзани со неговата смрт во првата јавна исповед, но и зборува каков татко и сопруг бил тој.

Вели дека е горда што воопшто ја имала среќата тој да биде дел од нејзиниот живот.

Нејзината емотивна исповед во „Претрес“ за случувањата по смртта на Андреј: 

„Се случи и една неблагодарна работа... Веќе кога го препознавме сопругот и решивме од болница, да се упатиме кон дома, кон Скопје бидејќи мораше да се изврши обдукција и како што ни кажаа рекоа дека ќе нè известат кога ќе се заврши целиот тој процес за да се организира погребот...

Верувајте дека само два чекори направив од болницата и медиумите веќе објавија вест дека е препознаен Андреја, според деталите кои ги дикутиравме во таа една соба во којашто беа присутни два, тројца меѓу кои инспектор и воено лице.

Во тој момент несоземени, веста неприфатена, којашто и до ден денес е неприфатена, толку е сурово во тој момент да се дадат и објават такви информации.

natalija-vdovicata-na-andrej-dnk-jas-i-soopshtiv-na-mojata-kjerka-deka-nejziniot-tatko-e-nekade-daleku-na-neboto-ushte-istiot-den-se-zatvorashe-vo-soba-03.jpg

Во тој момент ќерка ми знаеше дека нешто се случува... Ние тројца отсекогаш дома сме имале отворен однос, немало тајни, уште дента јас ѝ соопштив на мојата ќерка дека нејзиниот татко е некаде далеку на небото.

Јана некако не го прифаќа ова, имаше еден период кога буквално 24 часа беше затворена во соба и воопшто не комуницираше со никој, не ја интересираше ништо, буквално кога и да влезев во соба – немаше одговор, не јадеше, не знам како да ви опишам, таа болка е преголема.

Посебно кога Андреја како татко и како сопруг ни беше пред сè најдобар другар... Значи после тоа ни беше сопруг и татко.

Бев принудена јавно да се огласам, да не се шират невистини, бидејќи вистината во тој момент никој не ја знаевме, дури ниту јас, тоа било на работно место, работните обврски си ги знаеле само они, како што јас си ги знам на моето работно место.

natalija-vdovicata-na-andrej-dnk-jas-i-soopshtiv-na-mojata-kjerka-deka-nejziniot-tatko-e-nekade-daleku-na-neboto-ushte-istiot-den-se-zatvorashe-vo-soba-04.jpg

За Андреја морам да кажам дека беше многу посветен како сопруг и татко, беше многу пожртвуван за нас.

Јас ќе кажам дека нè чуваше под едно стаклено ѕвоно и пробуваше да нè заштити од се и сешто, верувајте.

Искрено би ѝ посакала на секоја жена да има таков човек до себе, и таков другар до себе.

Што и да кажам за него, тоа ќе биде во суперлативи.

Јас не можам да ви ја опишам со зборови таа врска што ја имаа Андреја и Јана, и верувам дека таа врска ќе остане како нешто нераскинливо и дури ниту јас како мајка – не можам тоа да го заменам.

Јана ќе го памети по многу работи бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваа тие заедно, додека јас бев на работа.

Беа деноноќно заедно, одеа и заедно на одмори, знаеја во сред недела да отпатуваат некаде и мене многу ми беше друго што остварија една таква врска, којашто е многу ретка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...

Најчитани неделава