Наталија, вдовицата на Андреј: „Јас ѝ соопштив на ќерка ми дека татко ѝ е некаде далеку на небото уште истиот ден, се затвораше во соба“

Разговараа на многу теми, ќе напоменам и дека Јана, сега наполни само 10 години, а тие разговараа на теми коишто се несфатливи на таа возраст.
И даде многу добра основа да препознае што е добро, што е лошо, особено во ова денешно време кога се изгубени вистинските вредности и не се ценат.
Има многу работи по коишто ќе го памети и јас ќе се потрудам тие сеќавања да не избледат.
Jaна сега за него не поставува прашања воопшто. Мислам дека тоа е затоа што се плаши од одговорите што ќе ги добие.
Мислам дека длабоко во себе го чува во срцето и го памети oнаков каков што беше и мислам дека се плаши случајно во некој одговор да не се искриви таа слика за него.
Мене сликата за трагедијата уште не ми е расчистена, а во секој исказ којшто сум го слушнала за Андреја, сум го препознавала него.
И да се враќал и да спасувал, тоа не ме изненади.

Кога ја слушнав веста дека не е меѓу нас, и јас и сите блиски – не ни очекувавме дека он воопшто пробал да се спаси, познавајќи го Андреј.
Тој низ текот на годините во многу наврати се однесувал така и животот го гледаше како еден предизвик, имаше мисла негова и за мене совет, кој честопати знаеше да ми го сподели – На животот мора да му се пркоси.
И таа мисла ден денес ми е во глава и ми е водилка дека морам да продолжам по неговите стапки. Чувствувам одговорност дека морам да продолжам.
Во однос на тоа дали спасувал животи или не, не можам да кажам со сигурност, веројатно луѓето штом виделе – сигурно е така.