Наталија, вдовицата на Андреј: „Јас ѝ соопштив на ќерка ми дека татко ѝ е некаде далеку на небото уште истиот ден, се затвораше во соба“
Знам само дека тој бил пронајден во дискотеката на крај, кадешто се борел да го изгасне пожарот. Тој воопшто не ни размислувал дека треба да излезе, не ни размислувал на себе и тоа личи на него.
Тоа е својствено за него.
Но, гордоста на него е на исто ниво со тагата. Јас сум премногу горда на човекот којшто сум го имала во животот, тажна сум што повеќе не е со нас, но сум благодарна што сум имала можност да бидам дел од неговиот живот и тој од мојот.
Јас сакам да порачам неговото дело и лик никогаш да не се заборави. Тој, покрај сите хуманитарни акции што јавноста ги знае, многу правеше приватно, имаше навика да помага без разлика дали е тоа финанскиски или да се платат сметки, да се донесе мебел, некој болен во семејството, да се одглави некој од калта во поплавите, да се спаси нечиј живот, како од внатре нешто да го тераше на тоа.
Тој чувствуваше одговорност и должност да помогне, не можеше да помине покрај туѓа болка, многу често сум била сведок...
Поминува покрај нас човек што нема или проси, Андреја секогаш пакувал што има дома и давал, пари во џеб – давал, секогаш и дома, мене и Јана гледал да нè стави на пиедестал и за нас да допринесе, додека тој бил во позадина.
Јас не бев изненадена од тоа што го направил, ако не го направел – не би бил тоа тој. Дури имам и доста слободно време да размислувам што би било кога би било... И да се спасел, познавајќи го Андреја, мислам дека не би можел да премине преку тоа, преку 60 луѓе да загинат, а тој да е меѓу живите, мислам дека самиот тој би си ги одзел животот“.
Подкастот на Ландов „Претрес“ каде Наталија зборуваше за смртта на сопругот (од 1:16 минута):
С. С. | Црнобело