Давид Илиев, фризер: „Денес првпат отидов во дом кај лице со попреченост што не може да посети берберница - добив тон љубов“
- Детали
- петок, 12 јуни 2026
„Уште пред некое време кажав дека стојам на располагање за секој човек со попреченост, за сите кои не можат лесно да стигнат до берберница, а имаат потреба од нега, внимание и достоинство. И денес не го направив тоа за да биде видено, туку затоа што навистина го чувствувам така. Стојам на располагање секогаш. Добив насмевка што те удира право во срце...“, вели Давид Илиев од Виница која направи мало, но во суштина навистина големо хумано дело.

Давид Илиев од Виница е наш фризер кој откри дека имал желба да помогне на лице со попреченост кое не може да стигне до фризерски салон и затоа одлучил да направи домашна посета.

Тој вели дека ова му било најемотивното потстрижување досега, а насмевката која ја добил за возврат најголемата награда.
Сега, пред себе Давид си постави мисија да оди дома кај сите лица со попреченост од тој крај, кои не можат да стигнат до фризерски салон, а имаат потреба од тоа.
Давид за ова мало, но големо хумано дело вели:
„Денес за прв пат отидов во дом кај едно лице што не може да посети берберница/фризерски салон!
И не знам дали постои точен начин да се опише ваков момент…
затоа што ова не беше работа, не беше обврска и не беше „услуга“.
Ова беше човечност во најчиста форма.

Уште пред некое време кажав дека стојам на располагање за секој човек со попреченост, за сите кои не можат лесно да стигнат до берберница, а имаат потреба од нега, внимание и достоинство.
И денес не го направив тоа за да биде видено, туку затоа што навистина го чувствувам така.
Стојам на располагање секогаш.
Не кога „ќе имам време“.
Не кога „ќе можам“.
Туку секогаш кога некој има потреба од човечко внимание и грижа.

Денес, во еден тивок дом, сфатив нешто многу поголемо од самата ситуација.
Сфатив дека најголемата вредност не е во тоа што го правиш, туку во тоа како некој се чувствува додека ти си таму.
Една едноставна промена, еден мал момент на грижа…
и пред тебе се појавува насмевка што кажува повеќе од илјада зборови.
Насмевка што не се глуми.
Насмевка што не се заборава.
Насмевка што те удира право во срце.
