„Тука е дете, сега е жена“ - Ретро снимка покажува како изгледаше Антониа Гиговска (25) пред 10 години
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
„Тука е дете, сега е жена“, гласи еден од коментарите под ретро снимката од гостувањето на Aнтониа Гиговска во „Еден на еден“, што покажува од каде почнува нејзината естрадна приказна. Таа од самиот почеток блескаше со убавина и неверојатен талент, изоде долг пат, денес е една од најсветлите точки на нашата естрада.

Антониа Гиговска на 21.01 годинава го прослави својот 25-ти роденден, но иако така млада таа веќе цела деценија е на нашата естрада.

На Инстаграм профилот на „Еден на еден“ осамна ретро видео од нејзино гостување пред 10 години.

На снимката Антониа има само 15 години и зборува за своите музички почетоци.

Во разговорот со водителот Жарко Димитриоски, таа споделува:
„Кај мене пеат и татко ми и мајка ми, но не толку многу... Мислам се разбираат од пеење.
Татко ми свиреше хармоника, а мајка ми пееше во играорна.
И јас одев на играорна ама завршив со тоа. Одев само 2 месеци“.
