Ева Нединковска го бакнува сопругот на патување, Кристина Арнаудова на ручек со Брејк и Драгана Клопчевска: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
Даниел Кајмакоски вљубен со сопругата Марина


Ева Нединковска разменува нежности со сопругот на патување во Германија



Давид Темелков прослави 34-ти роденден


Миа Костова му посвети емотивна објава на синот Андрија (14) кој ја држи во раце за време на одморот во Грција:
„Пред точно 14 години денес сум на едно ЦТГ што покажува бебе од 4 и пол кила. Препораките беа дека нема да издржи во стомак уште долго иако сум 38 полни недели.
Па така после недела дена без негова дозвола го извадија со сите 4270 и 54 сантиметри. Веројатно ќе имам пост и за роденден ама овој е малку порано или 14 години подоцна.
Дали бев спремна? Не. Дали мислев дека може да сум мајка? Ни денес не сум сигурна дека сум добра мајка.
Дали овој дечко што ме држи во раце е мојата најдобра животна одлука? ДА! Дали сака да шета со мене и сака да се слика ? Не. Дали сѐ од што се плашев се оствари? Не.
Дали кога ќе бира старечки дом сакам да помисли на сите места кај што сум го однела? Апсолутно, ДА.
Андрија, фала ти“.